Македонија
Канческа-Милевска: Немам склучено договор во четири очи со ниедна фирма
Со непојавувањето да ја разгледа целосната документација, Игор Ивановски од СДСМ сам се демантира дека Министерството за култура има нецелосни документации за одредени проекти
Ова денеска на прес конференција го изјави министерската Елизабета Канческа-Милевска. Таа додаде дека е крајно време да престанат да се искажуваат невистини и лаги и да се даваат скандалозни изјави.„Македонската јавност има право да ја знае целата вистина. Во моето Министерство нема недостаток на документи. Интерниот допис кој е пратен до СДСМ е од вработен во Министерството и веќе покренавме истрага да дознаеме кој е тој за да биде санкциониран“, рече министерката Канческа-Милевска.Таа додаде дека документацијата се чувала во повеќе канцеларии бидејќи се барало безбедно место каде таа да се смести.„Документите кои ги покажуваше Ивановски се преписки меѓу вработените за да се знае кои документи во која канцеларија се, а не дека некои недостигаат“, додаде Канческа-Милевска.Таа уште еднаш го повика Ивановски да дојде во Министерството на средба со претставници од сите фирми со кои имале склучено договор, но и со оние на кои им била поништена документацијата и да и посочи со кога таа има склучено договор во четири очи. Министерката за култура додаде дека парите кои ќе ги добие како отштета од клеветата на Ивановски ќе бидат вложени во Музејот на Македонската борба за самостојност и државност, со што Ивановски ќе може да се пофали дека учествувал во неговата изградба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

