Свет
„Макпетрол" молчи за владиниот предлог за гасоводот
Иако компанијата ја има официјалната понуда од Владата, сж уште нема став дали ќе ја прифати
Иако компанијата ја има официјалната понуда од Владата, сж уште нема став дали ќе ја прифати
МАЈА ТОМИЌ
„Макпетрол" сж уште молчи околу последната владина одлука за управување со гасоводот во сооднос 50:50, како што беше предложено на владината седница кон крајот на мај. Иако Владата попушти во корист на компанијата, бидејќи според последната судска одлука таа беше назначена за мнозински сопственик, од „Макпетрол" сж уште нема никакви реакции. Пред 14 дена од компанијата објаснуваа дека сж уште ја немаат добиено официјалната владина одлука и не можат ништо да коментираат. Но, и сега, по поминати две недели и по добивањето на официјалната информација од Владата, од компанијата и натаму молчат и не даваат коментари. Како што дознаваме, основната причина за тоа е што од „Макпетрол" инсистираат прво да заврши судската постапка за докажување на сопственоста врз гасоводот, која се води со години и што е пречка за инвестиции во гасоводната мрежа и за нејзино проширување на поголем број на корисници и на домаќинствата. Со овој проблем досега се соочија неколку влади, а како што стојат работите, тој сигурно ќе ч остане во наследство и на наредната влада.
Но, и доколку „Макпетрол" би ја прифатил последната владина одлука, како што велат неофицијални извори, ќе стане збор за привремено, а не за трајно решение, бидејќи од компанијата ќе чекаат прво да се стави крај на деценискиот судски спор што се води за гасоводот.
Всушност, владините министри на крајот на минатиот месец му дадоа зелено светло на протоколот за соработка кој лани беше потпишан од страна на вицепремиерот Минчо Јорданов и надлежните на „Макпетрол". Според тој документ, гасоводниот систем, (ГАМА 800), претставува заеднички деловен потфат меѓу Владата и „Макпетрол", ГАМА АД е резултат на изразена волја на страните за заедничко инвестирање, ова друштво во рок од 30 дена по потпишувањето на протоколот треба да се трансформира во акционерско друштво, а субјектите од договорот се согласни влогот на Владата и на „Макпетрол" да биде во сооднос 50:50. Вистинската висина на влогот треба да ја утврди судот по завршувањето на судската постапка што е во тек, а страните се обврзуваат дека ќе ја прифатат.
Инаку, од претходната судска одлука и државата и „Макпетрол" беа незадоволни. Според судот, државата има право на 55 отсто од гасоводот, а на „Макпетрол" му припаѓа остатокот. Владата не се согласуваше да има толкав процент на сопственост, бидејќи тврди дека му дала на „Макпетрол" 14,5 милиони евра за изградба на гасоводот, со што станала негов мнозински сопственик. Според „Макпетрол" , пак, неговиот процент на сопственоста е многу повеќе од 45 отсто, поради повеќегодишните инвестиции во гасоводниот систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ужас во Грција: човек затворил 58 мачки и ги мачел, осуден на 1,7 милиони евра казна
Грчки суд изрече казна од 1,7 милиони евра за суровост кон животните.
По дојава од минувачи, грчката полиција наишла на затвор за мачки. 68-годишен Грк затворил 58 мачки во трошна зграда. Ги оставил без храна, вода и ги мачел. Уапсениот човек им рекол на властите дека собирал животни скитници бидејќи бил чувствителен на нивната тешка состојба.
Неговите адвокати се обидоа да го претстават како ментално болен, но експертите на судот докажаа дека тој бил свесен за своите постапки.
За првпат, суд изрече казна од 1,7 милиони евра поради екстремната суровост на делото, коментираат адвокатите.
Судиите, исто така, ги забележаа претходните нечовечки и сурови дела на обвинетиот кон кучињата.
Животните се сместени во засолниште и за нив се грижи соопшти Сојузот за заштита на животните.
Регион
Борисов: Имаме предложено име за посебен управител во ‘Лукоил’, чекаме Радев да се изјасни
Чекаме претседателот Радев да донесе одлука – да стави вето или да го усвои законот, имаме име за посебен управител во Лукоил, тоа е договорено со партнерите, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, пред новинарите во парламентот.
Според него, единствената улога на шефот на државата е да стави вето на законот или да го донесе, а не да дава совети.
„Знам зошто го направи тоа, беше иритиран од писмо што му го испратив доверливо“, рече Борисов, без да даде детали.
„Можам да го уверам претседателот Радев дека секоја акција што ја преземаме е координирана со Европската комисија, OPAC и Министерството за енергетика на САД. Затоа, сè што барам е да проговори“, додаде Борисов, цитиран од БГНЕС.
Според него, доколку Радев не стави вето, веднаш ќе биде назначен управител.
„Сè е во ред – имаме бензин шест месеци, дизел четири, керозин два месеци“, објасни понатаму лидерот на ГЕРБ.
Борисов беше категоричен дека Пеевски нема да ја земе рафинеријата, исто како што нема да ја земат Кирил Петков и Асен Василев.
Свет
(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време на настан во Овалната соба, објавува „Индипендент“.
Сè се случи вчера, за време на положувањето заклетва на новиот американски амбасадор во Индија. Трамп ја искористи приликата да одржи неочекуван монолог за Кина, фокусирајќи се на неодамнешниот договор за извоз на ретки земни метали.
Trump: "Nobody knows what magnets are." pic.twitter.com/nxnLmKbFDP
— Aaron Rupar (@atrupar) November 10, 2025
„Кина ќе нè удри со ретки земни метали. Сега сите велат: ‘О, што значи тоа?’ Магнети. Ако Кина одбие да ни даде магнети, затоа што има монопол врз магнетите… немаше да се произведува ниту еден автомобил во целиот свет“, рече Трамп.
Тој продолжи со збунувачкото тврдење дека „никој не знае што се магнети“, пред да го пофали она што го нарече „одлична зделка“ што Кина и САД ја постигнаа претходниот месец.
фото: принтскрин

