Спорт
Македонија ја победи Србија, во петок ќе се бори за петтото место
Ракометната репрезентација на Македонија го освои третото место, во четвртфиналната Група 1, на 10-то Европското првенство, откако ја победи Србија со 22:19 (11:10).
Ракометната репрезентација на Македонија го освои третото место, во четвртфиналната Група 1, на 10-то Европското првенство, откако ја победи Србија со 22:19 (11:10). Македонските ракометари со оваа победа и освоеното третото место во групата се избори за меч, за петтото место, во кој ќе „бркаат“ пласман на квалификацискиот турнир, за пласман на ОИ во Лондон. Противник на Македонија во борбата за петтата позиција ќе биде Словенија, овој натпревар ќе се одигра во петок, со почеток во 15:15 часот. Македонската репрезентација во Белградска Арена против домаќинот водеше од самиот почеток , на моменти, во првото полувреме имаше и предност од три гола, но Србија полувремето го заврши со негатива од еден гол. Второто полувреме имаше сличен тек како последните минути од првиот дел, се играше гол за гол, но Македонија константно беше во предност, за во последните шест минути со серијата одбрани на Борко Ристовски да биде обезбедена победата. Кире Лазаров е прво име на мечот со 10 постигнати гола, вкупно 53 на првенството. Покрај Лазаров уште еднаш во македонскиот тим се истакна Борко Ристовски кој имаше 15 успешни инетрвенции. Во нашиот тим Ванчо Димовски постигна 3, а Филип Лазаров, Стоилов и Златко Мојсоски реализираа по 2 гола. Србија ја предводеа Вујин со 5 и Шешум со 4 гола. Натпреварот во Белградска Арена го следеа околу 12.000 навивачи од кои две третини беа македонски навивачи. Србија во полуфиналето ќе игра против Хрватска, додека Шпанија за противник ќе ја има Данска. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Партизан заинтересиран за Лука Станковски
По Бојан Димовски, фудбалскиот клуб Партизан покажа интерес за уште еден македонски фудбалер, Лука Станковски (22) играч на Раднички од Крагуевац.
Лука Станковски во Раднички дојде на позајмица од Газијантеп. Во меѓувреме стана важен играч во тимот на Феѓа Дудуиќ, на 13 натпревари постига три гола, поради што клубот за 30.000 евра го откупи неговиот договор од турскиот клуб.
„Моцартспорт“, пушува за интересот на Партизан, но не наведува колкава сума е подготвен клубот од Белград да понуди за Станковски. Според овој извор, проблем може да биде фактот што Партизан сè уште не го испочитувал договорот за обештетување на Никола Миличиќ. Овој играч пред една година од раднички се пресели во Партизан, се повреди на подготвките, не успеа да дебитира, а пред неколку дена овој играч замина во шпанскиот второлигаш Бургос. Инаку за Миличиќ, Партизан на Раднички треба да му плати 500.000 евра.
„Трансфермаркт“, вредноста на Станковски ја проценува на 800.000 евра.
Спорт
Јувентус има подготвени замени за Влаховиќ
Душан Влаховиќ во летниот преоден рок ќе го напушти Јувентус. Влаховиќ и неговите менаџер ги одбија сите понуди на клубот околу новиот договор, кој предвидуваше намалување на платата. Бидејќи има договор до јуни 2026 година, летниот преоден рок ќе биде последна шанса Јувентус да заработи од неговиот трансфер.
Челниците на Јувентус веќе имаат план како ќе реагираат по заминувањето на Влаховиќ. Нивната намера е да го задржат Рандал Коло Муани, Францускиот репрезентативец неодамна го засили клубот. Одлично се вклопи постигна три гола во првите два натпревари.
Планот на Јувентус е и наредната сезона да го задржат Муани на позајмица, а по завршувањето на сезоната 2025/2026 да го откупат од ПСЖ за 45 милиони евра.
Јувентус не сака веднаш да го купи Муани, бидејќи во летниот преоден рок за 30 милиони евра сака да го ангажира дефанзивецот на Феенорд, Словакот Давид Ханцко.
Покрај Ханцко, во летниот преоден рок, челниците на „старата дама“ ќе тргнат и по Виктор Осимен. Нигериецот сезонава е позајмен во Галатасарај, а се претпоставува дека Наполи ќе прифати 75 милиони евра.
Спорт
Алаба (повторно) се повреди
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба заработи повреда на тетивата на левата нога, соопшти шпанскиот клуб.
Алаба (32) ги пропушти повеќето натпревари во досегашниот тек од сезоната поради повреда на предните вкрстени лигаменти. Според шпанските медиуми, Алаба ќе отсуствува две до три недели.
Австрискиот дефанзивец, по пауза од 13 месеци, се врати на теренот на 19. јануари на натпреварот против Лас Палмас, по што влезе од клупата за резерви во следните три натпревари, за да го заврши претходното коло од шпанската Ла Лига против Еспањол како неискористена резерва.
Алаба му се приклучи на Реал Мадрид во 2021 година, како слободен играч од Баерн Минхен.
Реал Мадрид е прв во поредокот во Ла Лига со 49 бодови, додека во Лигата на шампионите ќе игра бараж со Манчестер сити за место во осминафиналето, откако заврши на 11. место по првата фаза од натпреварувањето.
Реал утре ќе му гостува на Леганес во четвртфиналето на шпанскиот Куп, а на 9.февруари во градското дерби ќе го пречека Атлетико. Овие натпревари и баражот со Манчестер сити ќе ги пропушти и Антонио Ридигер, кој се повреди во саботата против Еспањол.