Спорт
Нов пораз на ватерполистите на ЕП
Македонската ватерполо репрезентација, ќе се бори за 11-то место на Европското првенство во ватерполо, чии домаќин е Ајндховен. Ваквиот епилог следува по новиот пораз на ватерполистите, кои денеска се поразени од Романија со 10:12.
Македонската ватерполо репрезентација, ќе се бори за 11-то место на Европското првенство во ватерполо, чии домаќин е Ајндховен. Ваквиот епилог следува по новиот пораз на ватерполистите, кои денеска се поразени од Романија со 10:12. Противник на Македонија во борба за претпоследното место на првенството ќе биде поразената репрезентација од пресметката помеѓу Турција и Шпанија. Денешниот пораз ги урна надежите на ватерполистите дека можат да изборат место на претквалификацискиот турнир за пласман на ОИ во Лондон. Против Романија, Македонија го забележа петтиот пораз во досегашниот дел на ЕП, претходно по стартната победа над Турција, ватерполистите загубија од Грција, Унгарија, Италија и Холандија. Вечерва на ЕП ќе се одиграат четвртфиналните натпревари помеѓу Италија и Германија, односно Црна Гора и Грција. Репрезентациите на Србија и Унгарија кои беа првопласирани во своите групи изборија директен пласман во полуфиналето. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Енис Барди: Шпанците ме споредуваа со Меси
Капитенот на фудбалсата репрезентација на Македонија, Енис Барди, во интервју за „haber61.net“, зборуваше за периодот кога беше во Леванте. Потенцираше дека во еден период бил подбар изведувач на слободните удари од Лионел Меси.
„Навистина, бев подобар од Меси. Постигнав седум гола од 25 слободни удари, а Меси имаше осум од 52, имав многу подбар процент на реализација. Според процентот бев подобар. Да бидеме сериозни, прекрасно беше чувството што луѓето ме споредуваа со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Се гордеев со тоа“, рече Барди.
Спорт
Клубовите се против – Шведска нема да воведе ВАР
Системот за видео анализа (ВАР) нема да биде воведен во Шведска, откако на оваа идеа се спротивтавиле фудбалските клубови, изјави во петокот претседателот на Шведската фудбалска федерација (SvFF), Фредрик Рајнфелд.
ВАР постојано беше во центарот на контроверзноста во лигите каде што беше воведен, со поплаки поврзани со неговата обемна анализа и одложувања кои често траат неколку минути.
Во јули 2023 година, Шведската професионална фудбалска лига, која ги претставува клубовите во првите две дивизии на шведскиот фудбал, соопшти дека мнозинството клубови во земјата „активно се противат“ на воведувањето на ВАР.
Рајнфелд, кој минатата година рече дека ВАР е „иднината“, беше критикуван од навивачите за неговиот став по ова прашање.
„Ако броев правилно, имаме 18 елитни клубови и два региони кои рекоа дека не сакаат да воведат ВАР. Ние тоа го почитуваме. Поради тоа не излеговме со овој предлог на претходниот состанок, а тоа нема да се случи ниту во иднина. Јас сум за почитување на демократските правила на играта“, изјави Рајнфелд, инаку поранешниот премиер на Шведска.
Спорт
Иџе во поход по нова европска титула: „Очекувам добра трка“
Трикратниот европски шампион, Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Австрија започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC).
Летечкиот Македонец, Игор Стефановски викендов пред нов предизвик. Во Австрија, на патеката Рекбер тој ќе го започне својот најнов поход на Европскиот шампионат на ридски патеки, кој и годинава има 10 трки. Шампионатот започнува на 28.04.2024, а ќе заврши во септември со трката во Хрватска.
Стефановски и оваа сезона не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат, особено затоа што годинава на патеката ќе управува со новиот автомобилски ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.
„Очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Би сакал да се заблагодарам на мојот тим, како и на тие кои го препознаа потенцијалот и ме поддржуваат за натпреварувањата во оваа сезона, особено моите спонзори кои веруваат во мојот потенцијал “- вели Стефановски.
Минатата година Иџе во текот на целата сезона беше во сигурна доминација со седум победи на 10 трки.