Спорт
Македонското карате одлично претставено на Гран при Хрватска
Кадетско-јуниорската репрезентација на 8 јануари 2010 г. учествуваше на Меѓународниот турнир Гранд при на Хрватска, што се одржа во Самобор, Хрватска
На првенството учествуваа 18 репрезентации и 124 клубови со вкупно 1.040 натпреварувачи. Македонската екипа учествуваше со 52 натпреварувачи, кадети и јуниори, во кати и борби.Македонските претставници на ова силно натпреварување ги постигнаа следните резултати: во категоријата јуниори -61 кг., Тодор Ристески (од клубот Спорт 94-Прилеп) го освои златниот медал. Тој во првото коло го победи Пеиќ (Хрватска) со резултат 2:0, во второто коло победи уште еден домашен натпреварувач со 6:2, трето коло победа над Јоксиќ (Србија) со 1:0. Во финалниот меч го победи натпреварувачот од Црна Гора со 2:1.Во категоријата јуниори -55 кг., Ристе Додески (Македонка Ш) го освои сребрениот медал. Во првото коло го победи натпреварувачот од Хрватска со 1:0, во второто коло натпреварувачот од Црна Гора 1:0. Во финалето Додески беше поразен од натпреварувач од Црна Гора со резултат 0:7.Во категоријата јуниори -68 кг., Бојан Јовановски (Металург), го освои бронзениот медал. Прво коло победа над натпреварувач од Хрватска со 6:0, второ коло победа на натпреварувач од Црна Гора со 1:0. Во третото о коло изгуби од Маркач (Словенија) со резултат од 0:1. Во репасажната борба за трето место го победи натпреварувачот од Србија со изедначен резултат и изгласување на судиите за Бојан Јовановски.Во категоријата јуниори до 21 година -68 кг., Никола Рилак (Македонка Ш) го освои бронзениот медал. Тој во прво коло победи натпреварувач од Хрватска 3:0, во второ коло повторно натпреварувач од Хрватска со 1:0. Пораз во трето коло од Покорни (Австрија) со резултат 0:3. Во борбата за трето место го совладува натпреварувачот од Црна Гора со 6:1.Во категоријата кадети -57 кг., кадетите доминантни и освоија два медала, и тоа:Виктор Крстевски (Металург) го освои сребрениот медал и Мурсел Мисини кој го освои бронзениот медал. Виктор Крстевски до финале стигна со победа на натпреварувач од Босна со 2:0, натпреварувач од Словенија со 1:0 и победа на натпреварувач од Хрватска. Во финале загуби од Италијански натпреварувач со резултат 0:1. Мурсељ Мисими во прво коло победа над натпреварувач од Црна Гора со 1:0, второ коло победа над натпреварувач од Хрватска со 1:0, трето коло победа повторно над натпреварувач од Хрватска со 4:1. Во четврто коло пораз од натпреварувач од Италија со 5:1. Во репасажната борба победи натпреварувач од Италија со резултат 3:1.Во категоријата кадети -70 кг., Мартин Петрески (Спорт 94-Прилеп), го освои бронзениот медал. Тој во прво коло го победи натпреварувачот од Австрија со 3:0, во второ коло изгуби од Петров (Србија) со 1:1 и изгласување на судиите за Петров од Србија. Во репасаж победа над натпреварувач од Црна Гора со 2:0 и натпреварувач од Хрватска со резултат 4:1.Во кати нашите репрезентативци освоија три бронзени медали и тоа: кадетката Нина Ѓорѓевиќ од Јошитака (1 пораз и 3 победи во репасажните борби), и јуниорките Тијана Колеска од Ронин (4 победи и 1 пораз) и Пуликсенија Јовановска исто така од Ронин (3 победи и 1 пораз).Екипата ја предводеа селекторите Петар Белистојаноски и Кирче Патреклиев и помошник селекторот за кати за кадети, јуниори и сениори Стојан Андриевски. На ова првенство македонското карате беше претставено и преку судиите Златко Димоски, светски судија за кати, Боби Војдиновски и Нуредин Месими -европски судии во кумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

