Спорт
Брегот на слоновата коска ремизираше со Буркина Фасо

Една од репрезентациите фаворити за освојување на трофејот во Африканскиот куп на нации, Брегот на слоновата коска, одигра нерешено без голови во натпреварот против Буркина Фасо
Натпреварот се одигра на Чимандела стадионот во Кабинда пред публика од околу 5000 навивачи, а главен судија на натпреварот беше Качем Менансеур од Тунис.„Буркина Фасо се бореше до крајот. Ни недостигаше малку среќа, но ништо не е завршено“ изјави тренерот на Брегот на слоновата коска Вахид Халилхоџиќ по натпреварот. Малави со 3:0 го порази Алжир на „11 Ноември“ стадионот во Луанда, благодарение на головите на Расел Муафурлирва во 17-та минута, Елвис Кафотека во 35-та и Дави Банда. Малави се наоѓа на првото место на табелата во групата А со три бода пред Ангола и Мали, кои имаа само по 1 бод додека Алжир е без бодови на последното место. Денеска на програмата се двата натпревари од групата Ц во градот Бенгуела, бранителот на трофејот Египет ќе игра против Нигерија, а Мозамбик против Бенин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.