Свет
Ураганот „Ирена“ пристигна до брегот на САД, њујорчани го напуштаат градот

Ураганот „Ирена“ пристигна до брегот на Северна Каролина рано утрово, носејќи со себе олујни ветрови и пороен дожд.
Ураганот „Ирена“ пристигна до брегот на Северна Каролина рано утрово, носејќи со себе олујни ветрови и пороен дожд.Првиот ураган оваа сезона, за кој метеоролозите се сомневаат дека би можел да има епски размери, се движи долж американскиот источен брег и се претпоставува дека ќе стигне до северот на државата.На удар ќе се најдат и големите градови кои обично не беа изложени на урагани, како Њујорк, Вашингтон, Бостон и Атлантик Сити. Седум држави долж брегот веќе прогласија вонредна состојба во очекување на хаосот што ќе го предизвика „Ирена“.Иако при тргнувањето од Карибите кон САД „Ирена“ беше бура од трета категорија, во меѓувреме малку се намали, па денеска во Северна Каролина беше класифицирана како бура од прва категорија. Но без оглед на тоа, ветриштата достигаат брзина од 170 километри на час, а се очекува и подигнување на нивото на морето до три метра.Од тие причини на граѓаните им се сугерира да не се опуштаат поради информацијата за слабеењето на бурата.Поголемиот дел од населението во крајбрежниот појас на Северна Каролина е евакуиран, а се проценува дека вкупно два милиона луѓе долж брегот биле принудени да најдат сигурно засолниште надвор од своите домови.Слична е ситуацијата и во Њујорк, каде што 250.000 луѓе, кои живеат на ниска надморска височина, принудно се евакуирани. Сообраќајот е во прекин, а на граѓаните им се препорачува да не излегуваат од дома додека не помине ураганот. Еден од најголемите проблеми би можел да претставува масовниот прекин на електрична енергија, што е прилично извесно. САД вечерва би можеле да останат обвиени во темнина. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.