Црна хроника
Четворица тешко повредени во три одделни сообраќајки
Дедо е во бессознание по сообраќајка, момче е тешко повредено, а повредени се и маж и жена, во трета сообраќајка во изминатото деноноќие.
Во неделата, во 11,45 часот на локалниот пат во село Ветрен, делчевско, се случила сообраќајна незгода во која Ѓ.Р. (82) од Делчево, управувајќи мотоцикл „Томос“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата Ѓ.Р. се здобил со тешки телесни повреди (мозочно крварење), и по укажаната лекарска помош во ЈЗУ „Гоце Делчев“ е пренесен во клиничка болница-Штип, каде во неконтактибилна состојба е задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата во Делчево.
Истиот ден, во 17.30 часот на патот село Ореовец, прилепско, се случила сообраќајна незгода во која Ф.М. (19) од Прилеп, управувајќи мотоцикл „Зенгшен“ без регистарски ознаки изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата Ф.М. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во градската болница во Прилеп каде му е укажана лекарска помош и поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентен центар-Скопје.
Во неделата, исто така во 17.30 часот на локалниот пат село Врсаково-Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Југо Корал“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Љ.М. (68) од Штип и „Мерцедес А170“ со штипски регистарски ознаки, управуван од С.М. (38) од Штип. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во „Југо Корал“, С.М. (61) од Штип, по што се пренесени во болницата во Штип, каде им е укажана лекарска помош и се задржани на понатамошно лекување./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопругата го пријавила дека ја тепал, па потоа тој ја пријавил неа
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 13:00 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, кој ѝ го одзел и мобилниот телефон.
Подоцна, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје исто така пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, и тоа во истиот временски период – околу 13 часот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

