Свет
Велигден во Москва под силни безбедносни мерки
Рускиот патријарх Кирил одржа велигденска литургија во храмот Христос Спасител во Москва под засилени мерки за безбедност во државата во која денеска слават 87 отсто Руси
Во присуство на рускиот претседател Дмитриј Медведев, рускиот премиер Владимир Путин и видни руски политичари, патријархот на Москва и на цела Русија Кирил одржа велигденска литургија во московскиот храм Христос Спасител.Во почетокот на службата православниот храм беше огласен од ѕвонењето на камбаните.За време на службата делови од Евангелието беа прочитани на 18 јазици, меѓу кои и на Ерменски. Самиот патријарх, освен на руски, прочита делови и на латински и на грчки.Учесниците во литургијата претходно добија специјални покани и пристапот во црквата беше дозволен само при нивно покажување. Во храмот имаше над 5.000 лица.Оваа година поради бомбашките напади во московското метро од 29 март велигденската литургија во храмот во Москва се одржа под засилени мерки за безбедност. Строги мерки за безбедност беа воведени во целата руска престолнина и на територијата на целата земја.Само во Москва за одржување на јавниот ред се грижеа 11.460 припадници на Министерството за внатрешни работи. Над 100 илјади милиционери и 3.500 војници ја гарантираат безбедноста во цела Русија во сите денови на Велигденските празници.Полноќни литургии беа отслужени во вкупно 30 илјади руски православни храмови во целиот свет.Во храмот Христос Спасител во Москва полноќната миса од 2001 г. секогаш се одржува во присуство на претседателот, премиерот и водечките политички фигури на Русија.По повод Воскресение Христово рускиот претседател Дмитриј Медведев ги поздрави своите сонародници и сите православни христијани. Во обраќањето тој изрази надеж дека целосната соработка и меѓусебното разбирање меѓу луѓето ќе придонесе за ускладување на меѓуетничките и меѓуконфесионалните односи и зачувување на културната разновидност на Русија.„Велигденските церемонии заземаат посебно место во духовниот живот на руското општество. Тие со себе носат морална обнова, ги полнат срцата на луѓето со љубов и светлина и го јакнат верувањето во добрина и праведнос“т, порача рускиот претседател Дмитриј Медведев.Во обраќањето шефот на руската држава истакна дека совпаѓањето на православниот и католичкиот Велигден оваа година не е случајно и ќе придонесе за хармонизирање на односите меѓу државите и религиите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос
Свет
Руските граѓани му поставија над 1,6 милиони прашања на Путин за годишната емисија
Повеќе од 1,6 милиони прашања дојдоа од граѓаните на Руската Федерација за програмата „Преглед на годината со Владимир Путин“, која ќе се емитува на 19 декември во 12:00 часот по московско време, објавија денес руските медиуми.
Собирањето прашања за оваа емисија започна на 4 декември во 15:00 часот по московско време и ќе продолжи до крајот на програмата, објавува РИА Новости.
„Годишен преглед со Владимир Путин: примени се повеќе од 1,6 милиони прашања. Оваа година, како и во 2024 година, апликацијата GigaChat ќе ги транскрибира прашањата за директната линија“, објави Кремљ.
Во соопштението се наведува дека до денес се примени 702.000 телефонски повици, 327.000 прашања преку Max Messenger, 262.000 СМС пораки, 175.000 барања преку социјалните мрежи, 61.000 преку веб-страницата, 49.000 ММС пораки и 20.000 преку апликацијата, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

