Uncategorized
Роднини на исчезнатите од египетскиот брод ја демолираа компанијата
Роднини на исчезнатите од бродската несреќа во Египет претпладнево ги демолираа канцелариите на компанијата која го поседуваше бродот, јави Асошиетед прес.
Роднини на исчезнатите од бродската несреќа во Египет претпладнево ги демолираа канцелариите на компанијата која го поседуваше бродот, јави Асошиетед прес.
Толпата, гневна поради загубата на своите блиски влегла во канцелариите на компанијата „Ал Салам Маритајм“ во градот Сафаж, при што исфрлиле на улица се што се наоѓа во канцелариите. Полицијата пред малку со употреба на солзавец го воспоставила редот.
Во несреќата што се случи во петокот во водите на Црвено море, околу 800 лица се уште се водат како исчезнати. Бројот на спасените надмина 400, додека околу 200 тела на удавени патници беа пронајдени од спасувачките екипи.
Преживеаните патниците го обвинуваат капетанот и екипажот на бродот дека не презел соодветни мерки откако констатирале дека на бродот има пожар, како и тоа дека први го напуштиле пловилото, оставајќи ги несреќните патници без доволно појаси и без доволни чамци за спасување.
Се уште не е јасно зошто капетанот не дал С.О.С. сигнал и зошто не реагирале апаратите кои се задолжени тоа да го направат автоматски.
Поради тоа, спасувањето на бродот Ал Салам Бокачо 98, на кој имаше над 1400 патници започна со 20 часовно задоцнување.
/крај/ббц/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.