Црна хроника
Кочанец се претставил како полицаец и се обидел да силува средношколка
Кочанец лажно се претставил дека е полицаец и пред четири дена се обидел да силува средношколка.
Триесет и четиригодишниот кочанец на 7 април облечен во униформа во близина на средно училиште во Кочани на две малолетнички им се претставил како полицаец и им побарал лични карти. Во тој момент поминувала уште една малолетничка која, пријавениот, ја пресретнал со неговиот автомобил и претставувајќи и се дека е полицаец и побарал лична карта. Откако девојчето изјавило дека нема лична карта пријавениот со возилото ја однел во куќата каде што престојувала и се обидел да ја силува. Роднини на девојчето го спречиле да ја силува.Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Лишени од слобода мажи во пробиштипско, Неготино и Демир Хисар: возеле пијани, а возачот од пробиштипско предизвикал и сообраќајна незгода
Вчера во 23:00 часот во село Ратавица, пробиштипско, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода 20-годишниот Н.В. од село Ратавица. Претходно, околу 21:30 часот на излезот од село Ратавица, тој со патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во заштитан ограда на патот и излетал од коловозот, по што го напуштил местото. По преземени мерки тој е пронајден и по извршено алкотестирање констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.
Вчера во 20:30 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Љ.Д.(58) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „форд“ со неготински регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.
Вчера во 16:49 часот во демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар го лишија од слобода М.П.(61) од село Врбјани, општина Дебрца. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,59 промили алкохол во крвта.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на настаните, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
Маж почина во авион пред слетување во Белград: oпшта драма на аеродромот
57-годишен маж од Македонија почина вчера за време на летот од Чикаго до Белград.
Според српски Телеграф, на патникот му се слошило за време на летот.
Персоналот му пружил прва помош, но тој не реагирал.
Кога авионот слетал, лекарите на аеродромот можеле само да ја потврдат неговата смрт, објавија српските медиуми.
фото: принтскрин
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.

