Свет
И Софрониевска почна истрага за „Бачило 2“
Републичкиот судски совет (РСС), исто како и Врховниот суд, по написите во „Време“ почна да го истражува „Бачило 2“, ни потврди вчера Ленче Софрониевска, претседателката на РСС.
ПО ПИШУВАЊЕТО НА „ВРЕМЕ“
Републичкиот судски совет (РСС), исто како и Врховниот суд, по написите во „Време“ почна да го истражува „Бачило 2“, ни потврди вчера Ленче Софрониевска, претседателката на РСС.
– Го имаме бројот од предметот и ги побаравме сите документи за случајот за да направиме увид. Ако утврдиме несовесно и нестручно работење на судијата, сигурно ќе преземеме мерки – вели Софрониевска.
РСС има овластување, доколку утврди нестручност и несовесност, да му предложи на Собранието тие судии да ги разреши. Дане Илиев, претседателот на Врховниот суд, се сомнева дека извршниот судија дури направил кривично дело.
Во антикорупциската комисија се запознаени со случајот, но чекаат претставка од Врховниот суд.
– Колку што можам да видам, Врховниот суд ги презема сите мерки, ако поднесат претставка до нас, ќе реагираме. Премногу е свеж настанот за да можам нешто повеќе да кажам – вели Михајло Маневски, претседател на комисијата.
Вчера во судски кругови се проширија шпекулации дека Маневски биле кумови на Никола Арџанов, главниот актер во случајот. – Тоа се злонамерни шпекулации. Не е точно дека сме кумови на Арџанов – демантира енергично Маневски.
Неговата сопруга е поранешната претседателка на Апелацискиот суд, каде што била донесена пресуда на Арџанов да му се исплатат 50.000 евра затоа што бил 36 дена во притвор.
Се огласи и Јавното правобранителство, кое му дозволи на Глигор Влахов, гевгелискиот правобранител, кој ја застапувал државата во овој случај, да го образложи случајот.
Влахов наведува една контрадикторност во решението на извршната судијка од Основниот суд Скопје 1, која му дозволила на Арџанов да си ги подигне спорните 50.000 евра.
– Лани, кога Апелацискиот суд овозможи на Арџанов му се доделуваат 50.000 евра обесштетување за времето што го минал во притвор, реагиравме до извршниот судија во скопска „единица“.
Предложивме да се запре исплатата затоа што направивме ревизија на целиот случај и поднесовме претставка до Врховниот суд. Претходно Арџанов барал да му се исплатат парите. Судијата прво ни го прифати предлогот и го стави барањето на Арџанов надвор од сила, но во истото решение (број 372/05) решава да му дозволи на Арџанов да си ги земе парите. Тука ја гледам контрадикторноста.
Поднесовме жалба на ова решение до Апелацискиот суд, но не ни одговорија – објаснува Влахов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Изгласана новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен
Претставниците на Европскиот парламент со повеќе од половина од мнозинството гласови ја избраа новата Европска комисија предводена вторпат од Урсула фон дер Лајен, која ја презема функцијата в недела, 1 декември.
Гласаа 688 пратеници, од кои 370 гласаа за потврдување на Комисијата, 282 беа против, а 36 беа воздржани.
Комисијата доби помалку гласови од Урсула фон дер Лајен кога Европскиот парламент гласаше за новиот шеф на Комисијата во јули кога таа доби 401 глас.
Пред пет години, во јули 2019 година, Урсула фон дер Лајен доби само 383 гласа, девет повеќе од апсолутното мнозинство, но нејзината прва Комисија доби поддршка од 461 европратеник, значително повеќе од денес, со тоа што тогашниот состав имаше помалку европратеници, 705, а сегашната има 720.
„Првата голема иницијатива на новата Европска комисија ќе биде компас за конкурентност, што вклучува затворање на иновацискиот јаз со САД и Кина, заеднички план за декарбонизација и конкурентност и зголемување на безбедноста и намалување на зависноста. Тој компас за конкурентност ќе биде рамка за нашата работа до крајот на мандатот“, објави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во својот говор пред претставниците на Европскиот парламент, во кој ја претстави својата програма.
Таа рече дека компасот ќе биде изграден на три столба од извештајот за европската конкурентност, што за Комисијата го напиша поранешниот италијански премиер и претседател на Европската централна банка, Марио Драги.
Зборувајќи за заостанувањето во иновациите, Фон дер Лајен рече дека ЕУ е на исто ниво со САД и Кина кога станува збор за патенти и создавање стартапи.
Сепак, само една третина од европските патенти се комерцијално експлоатирани, а европските стартапи наидуваат на многубројни пречки за нивниот раст.
Свет
Роберт Фицо му честита на Трамп за победата, разговараа за војната во Украина
Словачкиот премиер Роберт Фицо преку телефонски разговор му ја честитал победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, од кој значаен дел е посветен на анализата на војната во Украина, соопштија од кабинетот на премиерот.
Фицо нагласи дека во Европа, а особено во Словачка, многумина се надеваат дека Трамп ќе го реши конфликтот во Украина, пренесе ТАСР.
„Убеден сум дека има огромни очекувања во однос на него не само во Словачка туку и во цела Европа кога станува збор за воениот конфликт во Украина“, рече Фицо.
Регион
Убиен син на хрватски пејач во Еквадор: го застрелале две лица на мотор, го убиле со четири куршуми
Томислав Зеленчиќ (48), хрватски државјанин, е убиен во вооружен напад во Манта, во провинцијата Манаби во Еквадор, што го прави четврта жртва во регионот во последните три дена. Зеленчиќ, кој живееше во тој град повеќе од 20 години, беше убиен во напад во вторникот, на 26 ноември, во 10 часот, во близина на неговиот дом во населбата Јоцај.
Според изјавите на сведоците, жртвата се движела по тротоарот во близина на неговата куќа, а нападот го извршиле две лица на мотор. Напаѓачите, според еквадорските медиуми, испукале најмалку четири куршуми кон Томислав Зеленчиќ пред да побегнат. Тешко повредениот Хрват останал да лежи на улицата во локва крв. Соседите и роднините со приватно возило го пренеле во болницата „ИЕСС Манта“, каде што и покрај напорите на медицинскиот персонал, набргу починал. Полицијата излегла на местото на настанот за прибирање докази. Телото е пренесено на судска медицина во Манта за понатамошна обдукција. Мотивот за нападот сè уште не е познат, а властите почнале интензивна истрага за откривање на сторителите.
„Јутарњи лист“ пишува дека Зеленчиќ е син на пејачот Инослав (Ино) Зеленчиќ, основач на групата „Задар експрес“. Пред многу години Томислав се преселил во Панама, каде што работел на рибарски бродови, по што се преселил во Еквадор. Еквадорските медиуми објавија и дека Зеленчиќ во 2016 година поднел пријава за грабеж, кој набргу бил решен.