Свет
Власта се затвора со закон
Македонија е еднинствена земја од Југоисточна Европа која нема закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер и е на добар пат да донесе лош закон од оваа област, тврдат македонските експерти.
БОЖЕМ ДОСТАПНОСТ НА ИНФОРМАЦИИ, А СЕ СТАНУВА ДРЖАВНА ТАЈНА
Македонија е еднинствена земја од Југоисточна Европа која нема закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер и е на добар пат да донесе лош закон од оваа област, тврдат македонските експерти. Тие велат дека, предлог законот за слободен
Македонија е еднинствена земја од Југоисточна Европа која нема закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер и е на добар пат да донесе лош закон од оваа област, тврдат македонските експерти. Тие велат дека, предлог законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, кој е доставен во Собранието, е најлош од сите верзии што досега од 2003 година се изготвени од Министерството за правда во соработка со невладиниот сектор.
"Предлог законот е под признатите меѓународни стандарди. Овој закон не го промовира слободниот пристап до информациите, туку го ограничува", тврди Климе Бабунски, од Институтот за социолошки политички и прани истражувања.
"Ова е празен закон, кој ако не претрпи измени нема да функционира во пракса", смета Роберто Беличанец од ИРЕКС Македонија. "Се додека не падне законот пред Европскиот суд, тој ќе биде мртов, неспроведлив", вели тој.
Законот, велат експеритите е така скроен што добивањето на некоја информација зависи исклучиво од волјата на државните институции. Службеното лице на располагање има девет причини на кои ќе може да се повика во секое време за да не даде информација. "Практично нема да има информација која нема да биде прогласена за недостапна повикувајќи се на една од овие причини", вели Бабунски. Има и нелогични причини поради кои нема да се добиваат информации. Пример, државните институции ќе можат да кријат информации од сферата на заштита на животната средина за да ги заштитат загрозените водови животни. "Ова навистина е назимсливо. Од интерес на заштита на животната средина е да се кажат информациите за да се поправат состојбите, а не да се кријат", вели Бабунски.
Најсериозен недостаток, според него, е што нема независно тело кое ќе може да ја симне тајноста на класифицираната информација, туку тоа е оставено на слободната волја на државниот орган, од кој се бара информацијата. "Независна комисија може да процени дали јавниот интерес преовладува над другите интереси, но Министерството за правда одби такво решение со објаснување дека нема пари", вели Бабунбски. Тој е убеден дека во случајот не се проблем парите туку недостасува политичка волја. "Правда најде пари да формира одделение за слобоиден пристап до ифромациите во рамките на министерството, а нема пари за Независна Комисијата", смета тој.
Ако службено лице одбие да одговори најдоцна во рок од 40 дена од денот кога е доставено барањето граѓанинот ќе може да тужи на суд. Ако се докаже вината на службеното лице, тој ќе биде казнет со парична казна до 50 илјади денари. "Ако судот утврди вина за службеното или одговорното лице, судот не само што треба да ги осуди, туку треба и да им наложи да ја дадат бараната информација, во спротивно ќе сторат кривично дело за поткопување на уставниот поредок, за што предвидена е казна затвор од 12 години", вели Беличанец.
Според него, овој закон треба да биде лек специјалис и да надвладее над другите закони кои покриваат истата област. Може да се случи правото стекната со овој закон да се ограничи со друг. "Во завршните одредби треба да се наведат сите членови од други закони и тие да се укинат оти предност има слободниот пристап, а не ограничувањата", вели Беличанец.
Експертите тврдат дека несоодветна е и жалбената постапка. Ако граѓанинот биде одбиен да добие информација има право на жалба, а жалбената постапка ќе се одвива според одредбите на законот за управна постапка, која може да се развлечка со години. "Секој разумен човек нема да сака да бара информација со години и ќе се откаже", истакнува Бабунски.
Законот не ги заштитува таканаречените "свиркачи", кои во јавност ќе процурат информација која ќе покаже лошо работење на некоја институција. "Законот треба да ги потикне луѓето што располагат со информации да ги дадат, а не да влее страв кај државните службеници", смета Бабунски.
Експертите се убедени дека пропустите на законот нималку не се наивни. Власта доброволно се откажува од еден моќен инстримент во борбата против корупцијата. "Ако има слободен пристап до информациите, Ќе има помала корупција. Тоа е докажана пракса во светот", вели Климе Бабунски. Н.Селмани
***
Во Македонија граѓаните имаат фиктивно право да бараат од државните институции информации од јавен карактер, но реално нив може и никогаш да не ги добијат. Правото за располагање со информациите од јавен карактер е уставно загарантирано, но тоа право фактички е мртво и граѓаните не можат да го реализираат оти нема закон што ќе го регулира начинот на остварување на тоа право.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар зафати над 1.000 хектари шума во Нов Зеланд
Пожарникарите во Нов Зеланд повторно ја започнаа борбата со неконтролиран шумски пожар што зафати повеќе од 1.000 хектари во националниот парк „Тонгариро“ на Северниот остров, соопшти утринава противпожарната и спасувачка служба.
Пожарот започнал вчера попладне во популарната туристичка област „Тонгариро“, а околу 40 туристи биле евакуирани по воздушен пат. Акциите биле привремено прекинати преку ноќ поради безбедносни причини.
Заменик-командантот на противпожарната служба Ник Вест изјави дека пожарот се проширил во текот на ноќта, но засега нема информации за оштетени објекти или дополнителни евакуации.
Вест најави дека денеска преку воздушно извидување ќе се потврдат размерите на пожарот, а според првичните проценки, неговото ставање под контрола би можело да потрае уште најмалку еден ден.
Во акцијата се вклучени шест противпожарни возила и пет цистерни за вода, поддржани од шест хеликоптери и два авиони, соопшти службата.
Свет
Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци
Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја, јави ДПА.
– Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач, рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска.
Поранешниот претседател демократ, кој сега има 82 години, ова го кажа во врска со проектот на Трамп на местото на Источното крило на Белата куќа да се изгради сала за балови. Трамп претходно изјави дека неговите планови за таква сала „нема да влијаат на зградата во нејзиниот сегашен изглед“.
– Ова е совршен симбол на неговото претседателствување, посочи Бајден.
– Трамп презеде деструктивни дејствија не само против домот на народот, туку и против Уставот, владеењето на правото и самата наша демократија, додаде поранешниот претседател.
Бајден директно му се обрати на Трамп во својот говор, изјавувајќи дека со своето однесување актуелниот шеф на државата ги посрамил САД и ги издигнал интересите на богатите над оние на обичните Американци.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.

