Спорт
Камерунците штрајкуваат – мечот со Алжир, откажан
Поради штрајкот на репрезентативците на Камерун, откажана е вечерашната контролна средба која требаше да ја одиграат фудбалските репрезентации на Алжир и Камерун.
Поради штрајкот на репрезентативците на Камерун, откажана е вечерашната контролна средба која требаше да ја одиграат фудбалските репрезентации на Алжир и Камерун. Камерунците штрајкуваат затоа што Фудбалскиот сојуз на Камерун не им ги исплатил парите кои биле договорени за настап на турнирот во Мароко, кој се одигра минатиот викенд.„Натпреварот е откажан поради административен проблем во камерунската репрезентација“, стои во соопштението кое го објави Фудбалскиот сојуз на Алжир. „Решивме да не патуваме во Алжир и да ги повикаме челниците на Сојузот да ги почитуваат договорите“, стои во изјавата која ја потпишаа сите репрезентативци на Камерун. Камерун на турнирот во Мароко, покрај со домашната репрезентација играше натпревар и со селекцијата на Судан. крај/х/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал подготвен да плати 150 милиони евр за Вирц
Флорентино Перез наредното лето е подготвен да го урне клупскиот трансфер рекорд. Германските медиуми тврдат дека Реал Мадрид ќе го донесе Флоријан Вирц. Според овие извори, Перез го означил Вирц како следен „галактикос“.
Реал Мадрид за трансферот на Вирц е подготвен да му плати на Баер Леверкузен 150 милиони евра.
Реал Мадрид со овој трансфер би го соборил рекордот, кој се уште го држи Еден Азар. Белгиецот пристигна од Челзи за 120 милиони евра, додека трансферто на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд чинеше 113 милиони.
Вирц како момче бил навивач на Барселона, никогаш не криел дека Лионел Меси му е идол, но се чини дека би можел да тргне по патот на Лука Модриќ и Иско, кои исто така во детството биле навивачи на каталонскиот клуб.
Клучна улога би можел да има Чаби Алонсо, кој моментално му е тренер на Вирц во Баер Леверкузен, а наводно и тренерот би можел наредното лето да се пресели во Мадрид доколку замине Карло Анчелоти чии договор истекува во јуни 2025 година.
Спорт
(Видео) Ливерпул за полувреме го реши Борнмут, со пресврт победија Тотенхем и Астон Вила
Ливерпул се врати на победничките патеки во Премиер лигата, полувреме му беше довволно за победа над Борнмут, Тотенхем се пресврт во градското дерби го победи Брентфорд, истото го направи и Астон Вила во локалното дерби против Вулвс, Евертон и Саутемптон ги освоија првите бодови но не и победи во сезоната. Фулам го победи Њукасл.
Резултати:
Астон Вила – Вулверхемптон 3:1 (0:1)
Воткинс 73, Конса 89, Дуран 90+5 – Куња 25
Фулам – Њукасл 3:1 (2:0)
Хименез 5, Смит-Роу 22, Неслон 90+2 – Барнс 46
Лестер – Евертон 1:1 (0:1)
Мавидиди 73 – Ендиа 12
Ливерпул – Бурнемаут 3:0 (3:0)
Диас 26, 28, Нунес 37
Саутемптон – Ипсвич 1:1 (1:0)
Диблинг 5 – Морси 90+5
Тотенхем – Брентфорд 3:1 (2:1)
Соланки 8, Џонсон 28. Медисон 85 – Мбеумо 1
Спорт
(Видео) Баерн среде Бремен го декласира Вердер
Фудбалерите на Баерн Минхен откако во вторникот го демилираа Динамо Загреб со 9:2 во Лигата на шампионите, забележаа убедлива победа и во Бундес лигата. Во рамките на четвртото коло, во Бремен, Баерн го победи Вердер со 5:0.
На „Везер“ стадионот во Бремен, блескаше Мајкл Олисе, засилувањето на Баерн од Кристал Палас. Францускиот репрезентативец, во победата учествуваше со два гола и асистенција. Погоди во 23. и 60.минута.
По гол за Баерн постигнаа Мусијала, Кејн и Гнабри.
🚨🇩🇪 GOAL | Werder Bremen 0-5 Bayern Munich | Serge Gnabry
SERGE GNABRY MAKES IT FIVE !!!!!!!pic.twitter.com/LA5eLhKFCc
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) September 21, 2024
Резултати:
Бохум – Кил 2:2 (2:1)
Беро 22, Данер 35 – Пихлер 15, Макино 89
Хајденхајм – Фрајбург 0:3 (0:0)
Доан 54, Грифо 59, 65
Унион Берлин – Хофенхајм 2:1 (2:0)
Рота 4, Џеонг 6 – Битлер 67
Вердер Бремен – Баерн Минхен 0:5 (0:2)
Олисе 23,60, Мусиала 32, Кејн 57, Гнабри 65
18.30 Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Мехенгладбах