Спорт
Франција преку Хрватска во финалето на ракометниот турнир

Ракометната репрезентација на Франција, во Лондон, ќе го брани златниот медал освоен во Пекинг пред четири години, откако во полуфиналното дерби ја совладаа Хрватска со 25:22.
Французите имаа предност во текот на целиот натпревар и предводени од фаноменалниот Тиери Омејер на голот заслужено стигнаа до победата. Омејер мечот го заврши со 19 одбрани од кои 13 имаше само во првото полувреме. Најефикасни кај Французите беа Нарцис, Онрубиа и Абало со по четири гола, херојот од мечот со Шпанија, Акамбре постигна три гола. Франција во финалето ќе игра против Шведска, која во полуфиналето ја победи Унгарија со 27:26. Швеѓаните изборија прво финале по пауза од 12 години, од олимписките игри тие имаат три сребра во 1992, 1996 и 2000 година. Екберг со шест гола, односно Андерсон и Калман со по поет погодоци беа најефикасни во шведскиот тим, унгарецот Часар со осум гола беше најефикасен на натреварот. Хрватска и Унгарија во недела од 12 часот ќе играат за бронзениот медал, додека финалето Франција-Шведска ќе стартува во 16 часот. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Игор Жесус го засили Нотингем Форест

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус се пресели од Ботафого во Нотингем Форест.
„Шумарите“ објавија дека потпишала четиригодишен договор со 24-годишниот фудбалер, до летото 2029 година.
Клубовите не ја објавија сумата на трансферот, но медиумите известуваат дека станува збор за околу 10 милиони фунти (околу 12 милиони евра).
Жезус ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Коритиба, потоа играше за Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати пред да се приклучи на Ботафого во 2024 година.
Напаѓачот одигра 59 натпревари за клубот од Рио де Жанеиро во сите натпреварувања и постигна 17 гола.
Тој особено се истакна на Светското клупско првенство, помагајќи му на Ботафого да се квалификува во нокаут фазата, постигна два гола, вклучувајќи го и победничкиот гол против европскиот шампион Пари Сен Жермен.
Foto/ EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ го декласира сонародникот Кецмановиќ во третото коло на Вимблдон

Во српското дерби во третото коло на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ го победи Миомир Кецмановиќ со 3:0, во сетови 6:3, 6:0, 6:4. Мечот на Централниот терен траеше еден час и 47 минути.
Ѓоковиќ против сонародникот и колегата од националниот тим ја забележа 100. победа на Вилблдон. Низ историјата повеќе победи на најпрестижниот турнир во светото на тенисот имаат само Мартина Навратилова и Роџер Федерер.
Мечот против Кецмановиќ, за Ѓоковиќ имаше доза на неизвесност само во првите седум гема. Побликата уживаше во играта во тие моменти.
Осмиот гем беше пресвртница, тогаш Ѓоковиќ направи брејк, а го најави со спектакуларен поен, го доби во стилот на својот поранешен тренер Борис Бекер.
The point of 2025 Wimbledon championship – Insane stuff from Djokovic and Kecmanovic 🎾😬 pic.twitter.com/zy5jcgMoo0
— Raz (@RazOlsRF) July 5, 2025
Ѓоковиќ веднаш го искористи тоа, направи брејк, поведе со 5:3 и започна голема серија. Не само што го доби првиот сет со 6:3, туку беше немилосрден и во вториот. Не му дозволи ниту еден гем на противникот и го доби вториот сет за само 24 минути.
На почетокот од третиот сет, Кецмановиќ направи прекин на серија од девет гема, но тоа следуваше нова серија од пет гема за Ѓоковиќ. Сепак, до крајот, Кечмановиќ го направи третиот сет малку понеизвесен, израмнувајќи три гема, намалувајќи го резултатот на 5:4. Но, тоа само ја одложи јубилејната 100-та победа на Новак на Вимблдон.
За новото четвртфинале на Вимблдон, Ѓоковиќ ќе се бори против Алекс де Мајнор, кој го победи Дане Холмгрен со 6:4, 7:6(7:5), 6:3 во три сета.
Спорт
(Видео) ПСЖ со двајца играчи помалку го победи Баерн

Foto/ EPA/ERIK S. LESSER
Фудбалерите на ПСЖ изборија место во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД. Во третото четвртфинале на турнирот, ПСЖ го победи Баерн Минхен со 2:0 (0:0). Натпреварот мина во сенка на тешката повреда со која се здоби Џамал Мусијала во финишот на првото полувреме.
ПСЖ натпреварот со Баерн го заврши со двајца фудбалери помалку на теренот. Откако Десире Дуе постигна гол за 1:0 во 78.минута, пет минути подоцна црвен картон доби Пачо, а во 92.минута исклучен беше и поранешниот играч на Баерн, Лукас Ернандес. Точка на натпреварот стави Услам Дембеле во 96.минута.
ПСЖ во полуфиналето ќе игра против победникот од последното четвртфинале во кое се среќаваат Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.