Контакт

Свет

Висината на цунами што ја погоди Јапонија на 11-март, над 40 метри

Објавено пред

Височината на бранот цунами што го погоди североисточниот брег на јапонскиот остров Хоншу по катастрофалниот земјотрес од 11-ти март годинава, во некои области достигнала до 40,5 метри, пренесува јапонската телевизија NHK, повикувајќи се на тамошната Метеоролошка агенција

dobivaj vesti na viber

Во текот на изминатата три месеца по трагедијата, јапонските научници постојано го разгледуваа своите процени за можната височина на плимниот бран којшто ги разори крајбрежните области во неколку километри  во внатрешноста на копното. Научниците од јапонската Метеоролошка агенција, како и од другите истражувачки институти и центри, секојдневно испитувајќи ги остатоците од зградите во погодените области вршеа нови премерувања, со што овозможија да се реконструира барем приближно стравичната слика од трагичните настани од 11-ти март.Врз основа на најновите откритија, научниците утврдиле дека височината на цунамито кој го погоди градот Мијако во најмногу погодената префектура Ивате, достигнал 40,5 метри. Височината на бранот што се урнал врз селото Нода во истата префектура имал височина од 37,8 метри, а висината на цунамито што го уништи градот Онагава во префектурата Мијаги изнесувала 34,7 метри. Земјотресот со магнитуда од 9.0 степени по Рихтер на 11 март ја погоди североисточна Јапонија, предизвикувајќи цунами со височина на места и повеќе од десетици метри. Според последните податоци официјално се забележани над 15.500 загианти и околу осум илјади лица се водат како исчезнати.Според Институтот за географија на Јапонија, цунамито поплави вкупна површина од 561 квадратни километри, што одговара на 90 отсто од 230е засебни реони  кои го сочинуваат јадрото на престолнината Токио. Повеќе од половина од поплавените површина – 327 квадратни милји се во префектурата Мијаги. Предизвикано од катастрофалниот земјотрес цунамито во морето повлече 247 бродови, бродчиња и други пловни објекти. Повеќето од уништените од цунамито и повлечени во океанските води пловни средства се мали рибарски бродови и чамци.Целосно уништени се 19.814 објекти, од кои дури 12.400 објекти се срамнети со земјата само во префектурата Ивате. Во морето се потопени 1.165 илјади домови а целосно се опожарени 148 објекти. Како резултат на афтер-шоковите оштетени се повеќе од 151 илјади згради.Според Институтот за географија на Јапонија, полуостровот Осика северо-источно од главниот јапонски остров Хоншу од земјотресот се измести 5,3 метри во југо-источна насока и пропадна за 1,2 метриРазорниот земјотрес предизвика и повеќе несреќи на нуклеарната централа „Фукушима -1“ каде од употреба излезе системот за ладење на реакторите. Како резултат на инциденти во нуклеарната централа беа регистрирани неколку протекувања на радијација, што ги принуди јапонските власти да забранат прелети на авиони во радиус од 30 километри и за истата површина на копното е прогласена целосна евакуација на населениетоСпоред сеизмолозите, повторени земјотреси со магнитуда од 5, степени по Рихтер и повеќе може да продолжи низ целиот остров Хоншу најмалку уште неколку месеци.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Данската пошта ја прекинува доставата на писма по 400 години

Објавено пред

По повеќе од 400 години традиција, данската поштенска служба „ПостНорд“ ќе го достави своето последно писмо на 30 декември, затворајќи важно поглавје во историјата на земјата.

dobivaj vesti na viber

Дигитализацијата ги затвора поштенските услуги
Претходно оваа година, „ПостНорд“ објави крај на доставата на писма во Данска, наведувајќи ја брзата дигитализација и драстичниот пад на обемот на поштата како главни причини. Во текот на изминатите 25 години, доставата на писма во земјата опадна за повеќе од 90 проценти. Како резултат на промените, компанијата ќе отпушти 1.500 работни места и ќе отстрани ист број од своите иконски црвени поштенски сандачиња.

Носталгичните Данци ги зграпчуваат поштенските сандачиња
Фактот дека на Данците сè уште им недостига стариот начин на испраќање пошта е потврден од неверојатниот интерес за купување расклопени поштенски сандачиња. Кога 1.000 од нив беа понудени на продажба претходно овој месец, тие се распродадоа за само три часа. Цената за поштенски сандачиња во добра состојба беше 2.000 дански круни (268 евра), додека оние со повидливи знаци на употреба беа продадени за 1.500 круни (201 евро).

Приватна компанија ја презема услугата
Иако „ПостНорд“ ја прекинува доставата на писма во Данска, ќе ја продолжи услугата во соседна Шведска и ќе понуди ограничени повратни средства за неискористени дански марки. Услугата за достава на писма во Данска ќе ја преземе приватната компанија „Дао“ од јануари.

Компанијата планира да ги прошири своите операции за да ја исполни законската обврска дека поштенската опција мора да остане достапна за сите граѓани.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Објавено пред

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти.

dobivaj vesti na viber

Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е убиен во понеделник наутро откако експлодирала експлозивна направа поставена под неговиот автомобил. Според истражниот комитет, Сарваров бил началник на одделот за оперативна обука на руските вооружени сили.

Руските власти изјавија дека една од верзиите што ги истражуваат вклучува можна вмешаност на украинските разузнавачки служби, а истрагата е во тек. Украина сè уште не го коментирала случајот.

Кој е убиениот генерал?
Според РИА Новости, Сарваров е роден на 11 март 1969 година во Гремјачински. Дипломирал на Вишата школа за тенковска команда, Воената академија на оклопни сили во 1999 година и Воената академија на Генералштабот во 2008 година.

Учествувал во борбени операции во Грузија и Чеченија и извршувал мисии во Сирија. Во 2016 година станал началник на Дирекцијата за оперативна обука на Генералштабот.

Одликуван е со Орден за храброст, Орден за воени заслуги, Медал Суворов и Орден за заслуги за татковината, втор степен.

Прикажи повеќе...

Европа

Естонија купува шест јужнокорејски ракетни лансери: „Се браниме себеси и НАТО“

Објавено пред

Естонија вчера објави дека потпишала договор за купување на најмалку шест ракетни лансери од јужнокорејско производство. Естонскиот центар за инвестиции во одбраната (ECDI) соопшти дека договорот со јужнокорејскиот производител на оружје Hanwha е вреден околу 290 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Договорот вклучува шест повеќецевни ракетни лансери Chunmoo, три вида ракетни системи (CGR-080, CTM-MR, CTM-290) и оперативна поддршка, објави ECDI. Испораките се закажани да започнат во втората половина на 2027 година. „Естонија започна да го развива својот капацитет за длабок удар овој април со аквизицијата на американските системи HIMARS“, изјави естонскиот министер за одбрана Хано Певкур.

„Бидејќи повеќекратните ракетни лансери се непроценливи од перспектива на воените способности, исклучително сум задоволен што, покрај американските HIMARS, сега ќе ги набавиме и јужнокорејските системи Chunmoo, што значително ќе ги подобри целокупните одбранбени и одбранбени способности на Естонија и НАТО“, рече тој.

Балтичката земја, која граничи со Русија ја гледа инвазијата на Москва во Украина како директна закана за националната безбедност на Естонија и како одговор ги зголеми трошоците за одбрана.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ56 минути

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет1 час

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа2 часа

Батлер на Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет3 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија3 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет12 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија16 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија19 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ21 час

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија23 часа

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија23 часа

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет1 ден

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија2 дена

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија2 дена

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија2 дена

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија2 дена

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија2 дена

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија2 дена

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија2 дена

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ3 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...