Свет
Во една вечер вкупно 45-мина загинати во Авганистан

Четириесет и пет авганистански цивили, припадници на безбедносните сили и талибани загинале во серија напади, вклучувајќи го и нападот врз бунтовниците на север од Авганистан од петокот навечер
Меѓународните набљудувачи забележуваат дека насилството во Авганистан е во пораст и дека е зголемен бројот на цивилни жртви во војната меѓу талибаните и силите на НАТО. Додека од 2001 г. до почетокот на годинава нападите на талибаните беа концентрирани на југ и исток од државата, од јануари 2009 г. е забележено нивно засилено дејствување во северните провинции.„Операциите се насочени против талибаните и странските платеници кои им помагаат и против бомбашите самоубијци кои се уфрлаат во овој регион“, изјавила портпаролката на американската војска, капетан Елизабет Матијас, додавајќи дека голема е бројката на убиени милитанти при престрелките од петокот. При оваа акција биле пронајдени и големо количество експлозив кој бунтовниците го употребуваат за изработка на крајпатните бомби од кои најмногу страдаат сојузничките сили но и цивилното население. Исто така, биле пронајдени и голем број гранати за ракетни фрлачи, дополнила Матијас. Овие напди не се доведуваат во поврзаност со киднапирањето на репортерот на New York Times и неговиот авганистански колега, во чиешто ослободување загинаа авганистански и британски војник. Во петокот во јужната провинција Урузган 14 цивили биле убиени кога нивното возило наишло на крајпатна мина во областа Чура, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи. Во соседната провинција Кандахар, пак, шест цивили биел убиени од експлозија на рачно направена направа во областа Маиванд, изјавил полицискиот началник Башир Хамад. Во сабота наутро, во источната провинција Кунар, во заседа на талибаните загинаа шест припадници на приватно обезбедување на странска градежна компанија, а десетмина биел ранети, изјавил генералот Калилулах Зиаји, началник на тамошната полиција.Во провинцијата Сабари во областа Хост, на исток од Авганистан вчера во ракетен напад за што се обвинети талибаните, загинале три цивила. А четворица полицајци биле убиени доцна синоќа во Нангахар, кога милитантите напднале контролен пункт на граничната полиција. Во последните крвави 24 часа, во Авганистан е забележан уште еден напад, во округот Бермел во провинцијата Пактика, кога бомбаш самоубиец го активирал експлозивот што го имал во појасот, но притоа загинал само напаѓачот, потврдила пакистанската полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин до Западот: Купија билет и не патуваа, само за да се налутат на кондуктерот: рускиот енергетски систем работи беспрекорно

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека одбивањето на европските земји да се потпираат на руските енергетски ресурси сериозно ја поткопа конкурентноста на нивните економии и доведе до пад на индустриското производство и пораст на цените низ целиот континент.
Зборувајќи на пленарната сесија на Руската недела на енергија во Москва, Путин истакна дека постапките на западните политички елити „ја уништија глобалната енергетска инфраструктура“, нагласувајќи дека политичкиот притисок довел до ирационални одлуки во ЕУ, според западните медиуми.
„Многу европски земји, под политички притисок, одбија да купуваат руски енергетски производи. Веќе неколку пати предупредив за последиците – не за Русија, туку за самите тие земји. Гледаме пад на индустриската активност и пораст на цените поради поскапата нафта и гас од странство“, рече Путин.
Тој додаде дека, по забраната за соработка со Русија, западните компании почнаа да ја губат својата технолошка предност и да го намалуваат производството, додека руските експерти станаа „технолошки лидери“ на пазарот.
„Што направија? Купија билет и не патуваа – само за да се налутат на кондуктерот. Каква глупост.
Нашиот енергетски систем е еден од најголемите во светот. Овој огромен комплекс работи сигурно и ефикасно“, заклучи претседателот на Русија.
Свет
Кремљ: Путин го предупреди Трамп за време на разговорот

Во денешниот телефонски разговор, рускиот претседател Владимир Путин го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека испраќањето крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина ќе го загрози мировниот процес и ќе им наштети на односите меѓу САД и Русија. Веста беше потврдена од Кремљ во официјално соопштение, пренесуваат медиумите во регионот.
Според Кремљ, Путин изразил загриженост поради можноста напредното американско оружје во рацете на украинските сили да доведе до понатамошна ескалација на конфликтот. Предупредувањето јасно посочи дека таков потег од страна на Вашингтон би имал директни негативни последици врз билатералните односи на двете сили.
Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, им изјави на новинарите дека Путин во разговорот нагласил дека руските сили во моментов имаат „целосна стратешка иницијатива“ по целата линија на фронтот во Украина.
Ушаков додаде дека денешниот повик, кој траел речиси два и пол часа, бил инициран од руска страна. Тој, исто така, објави дека на планираниот нов самит меѓу двајцата претседатели ќе му претходи разговор меѓу државниот секретар на САД, Марко Рубио, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој се очекува да се одржи во наредните денови, пренесува index.hr.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан по разговорите Трамп-Путин: Голема вест за мирољубивите луѓе, подготвени сме

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро повторно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а овој пат средбата ќе се одржи во Будимпешта. Двајцата лидери се согласија за нов самит за време на телефонски разговор.
Унгарија е подготвена да биде домаќин на самитот Русија-САД, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Планираната средба меѓу американскиот и рускиот претседател е голема вест за мирољубивите луѓе низ целиот свет. Подготвени сме!“ напиша тој на X.
Трамп и Путин последен пат се сретнаа пред два месеци во Алјаска, но таа средба не донесе конкретен напредок кон мирот во Украина, по што следеше период на дипломатско затишје меѓу Вашингтон и Москва, анализираат медиумите.
Денешниот телефонски повик не беше објавен со денови, за разлика од некои претходни, а аналитичарите истакнуваат дека времето на неговото случување е исклучително значајно. Имено, Трамп утре треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Клучната тема на нивниот разговор ќе биде можното испраќање американски ракети со долг дострел „Томахавк“ во Украина, што би претставувало значително зголемување на воената помош за земјата.
Фото: принтскрин