Свет
Вкупно 2.099 заразени од новиот грип во 23 земји
Бројот на заразени од грипот од типот А (Х1Н1) се искачи на вкупно 2 099 заразени лица во 23 држави, соопшти денеска Светската здравствена организаци
Бројот на заразени од грипот од типот А (Х1Н1) се искачи на вкупно 2 099 заразени лица во 23 држави, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
До синоќа бројот на заразени изнесуваше 1.893.
Според СЗО, потврдени се 42 смртни случаи во Мексико и два во САД.
Мексиканските власти и покрај ова, оценуваат дека најлошото помина, поради што се ублажени рестрикциите на јавните активности во земјата.
Во Канада од новиот вирус се инфицирани 201 лице, во Шпанија 73, а во Британија 28. Во Германија има девет случаи, во Италија, Нов Зеланд и Франција има по пет, Во Израел четири, а во Јужна Кореја и Салвадор по два. /крај/б/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Први снимки од силното торнадо во Кина – „Ова е како Армагедон“
Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу.
Новинската агенција Ксинхуа јави дека во невремето се повредени уште 33 лица.
„Ова беше како Армагедон“, коментира еден жител. Град со големина на тупаница паѓал и ги пробил покривите.
In addition to tornadoes, fist-sized hail also appeared in Guangzhou and Huizhou, and a chicken was killed by the hail. pic.twitter.com/XxZHgPi5CC
— Jim (@yangyubin1998) April 27, 2024
Според очевидци, градот убил и некои домашни животни.
Според официјалните податоци, невремето оштетило 141 фабричка зграда, но ниту една станбена зграда не е уништена. Според Ксинхуа, спасувачката работа е веќе во голема мера завршена.
"It Is Like Armageddon" – Deadly Storms Hit Chinese City
A tornado left five dead and 33 hospitalised on Saturday in Guangzhou, before hail the size of coconuts rained down.
Local media report property damage in excess of $10mn. pic.twitter.com/cjF8xnH9CM
— RT_India (@RT_India_news) April 28, 2024
По торнадото, метеоролошката станица во областа Баијун во Гуангжу забележа брзина на ветер од повеќе од 20 метри во секунда (72 км/ч).
Пред само една недела, обилните дождови ги зафатија Гуангжу и околната провинција Гуангдонг, при што загинаа најмалку четири лица и беа принудени да се евакуираат повеќе од 100.000 жители.
The moment hail smashed through the iron roof in Guangzhou pic.twitter.com/y6InEXxGyI
— Jim (@yangyubin1998) April 27, 2024
Гуангжу има над 18 милиони жители. Главниот град на провинцијата е еден од најважните економски центри во Кина.
Регион
Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите
Србија се соочува со сериозен дефицит на квалификувани работници во автосервисите, а според проценките недостасуваат меѓу 30.000 и 40.000 занаетчии од сите профили. Овој проблем не е специфичен само за нашите соседи, туку е присутен и во цела Европа, каде автомеханичарите и каросериските работници се едни од најдефицитарните професии.
Побарувачка за механичари и машинисти
Една од најбараните групи занимања се механичарите и машинистите, каде што работодавачите бараат речиси 300 мајстори од овој профил во канцеларијата за труд. Интересно е што многу работодавци се подготвени да ги вработат овие работници и без претходно искуство, а понудените плати се движат од 70.000 до над 150.000 динари. Овој податок укажува на голема побарувачка за овој профил на работници и можности за добро платена работа дури и за оние без искуство.
Проблеми со незаконската работа
Еден од проблемите со кои се соочува оваа индустрија е незаконското вршење на сервисирање возила. Неофицијално, се проценува дека околу половина од автосервисите се диви, што создава сериозни проблеми и од аспект на фер конкуренција и од еколошки аспект. Имено, сервисерите на автомобили имаат обврски во однос на отстранувањето на опасниот отпад, како што е моторното масло, а незаконското извршување на овие работи може да има штетни последици за животната средина.
Свет
Ирак воведува казна затвор за геј бракови, промена на пол и промоција на хомосексуалност
Ирачкиот парламент усвои закон со кој се криминализираат истополовите врски и се воведува максимална казна од 15 години затвор за ова дело. Овој потег е насочен кон зачувување на верските вредности, но активистите за човекови права го осудија како последен напад врз ирачката ЛГБТ заедница, пренесува Ројтерс.
Во самиот текст на законот се наведува дека тој има за цел „да го заштити ирачкото општество од морално распаѓање и да предупреди од хомосексуалноста што го зафати светот“.
Законот беше поддржан од главно конзервативни шиитски муслимански партии кои ја формираат најголемата коалиција во мнозинскиот муслимански ирачки парламент.
Овој акт „за сузбивање на проституцијата и хомосексуалноста“ забранува истополови односи под закана за казни од најмалку 10 и максимум 15 години затвор и предвидува најмалку седум години затвор за секој кој промовира хомосексуалност или проституција.
Исто така, казна затвор од една до три години е пропишана за секој што ќе го промени „биолошкиот пол“ или за маж кој носи феминизирана облека.
Предлог-законот првично вклучуваше смртна казна за истополови дела, но беше изменет поради силното противење од САД и европските земји, наведува Ројтерс.
„Усвојувањето на законот против ЛГБТ од страна на ирачкиот парламент потврдува дека правата на ЛГБТ луѓето се ужасно прекршени во Ирак и е сериозен удар за основните човекови права“, рече Раша Јунес, заменик-директор на програмата за правата на ЛГБТ Хјуман Рајтс Воч.
Грција ги легализираше геј браковите
За првпат во современата грчка историја, конзервативна влада спроведе либерална реформа – против волјата на Православната црква и против волјата на многу нејзини гласачи и пратеници. По многу страсна дебата, оваа година грчкиот парламент усвои предлог-закон (15 февруари 2024 година) со кој се легализираат истополовите бракови. За неа гласаа 176 од 300 пратеници.
Ова ја направи Грција првата земја со православно мнозинство што ги легализираше хомосексуалните бракови.
„Грција е горда што е 16-та земја во Европската унија која ги усвои законите за брачна еднаквост. Ова е пресвртница за човековите права“, објави премиерот Киријакос Мицотакис по гласањето во парламентот.