Регион
Мигрантите на Киос ја пробија оградата и излегоа од кампот

Стотици мигранти и бегалци на грчкиот остров Киос ја пробија во петокот бодликавата жива околу бегалскиот центар и во знак на протест тргнале кон пристаништето, пренесуваат медиуми.
Според договорот меѓу Европската унија и Турција, мигрантите коишто ќе пристигнат во Грција по 20-ти март ќе бидат задржани во центрите за прифаќање на пет грчки острови во Егејското море, и тоа Киос, Самос, Лезбос, Кос и Лерос, ќе бидат вратени во Турција доколку им биде одбиено барањето за азил.
Процесот на враќањето на мигрантите и бегалците треба да започне на 4-ти април, иако се оценува дека ниту Грција ниту Турција не се сосема подготвени, а неизвесно е и колку луѓе ќе бидат вратени и како ќе нивните барања ќе се процесуираат.
Околу 1.500 мигранти и бегалци кои пристигнале на Киос до 20-ти март до петокот утрото биле сместени во кампот.
Според видеоснимките објавени на грчките портали, се гледа како десетици бегалци и мигранти, меѓу кои има многу жени и деца, со своите работи пеш одат до пристаништето.
Според портпаролот на островската полиција, од центарот излегле околу 300 лица, и додаде дека полицијата ја надгледува ситуацијата. „Велат дека не сакаат назад во Турција, како и дека ставуваат за својата безбедност по вчерашните судири“, вели.
Пред договорот ЕУ – Турција, оние кои пристигнуваа на островот можеа слободно да го напуштат центарот и со траект да пристигнат до грчкото копно, а потоа преку ткн балканска рута го продолжуваат патешествието до западна Европа./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.