Спорт
Македонија против Англија на стартот на ЕП до 16 години
Денеска во просториите на Општина Струмица, кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години одржа прес-конференција по повод стартот на ЕП за кадети.
Денеска во просториите на Општина Струмица, кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години одржа прес-конференција по повод стартот на ЕП за кадети.На собирот за медиумите присуствуваа селекторот Игор Михајловски, капитенот Мартин Крстевски и неговиот соиграч Гери Шивачев, шефот на делегацијата Драго Јанков, генералниот секретар на МКФ Дејан Лекиќ, градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев и други претставници од локалната управа.Сите заедно јавно го искажаа задоволството што Струмица доби можност да биде домаќин на вакво големо кошаркарско натпреварување и додека организаторите потенцираа на техничките подготовки, репрезентативците ветија максимална пожртвуваност и надеж дека ќе можат да ја израдуваат домашната публика.„Пред сé би сакал да се заблагодарам на сите луѓе од Струмица кои ни дадоа максимална поддршка во реализацијата на овој голем проект“, изјави Дејан Лекиќ. „Една голема група квалитетни луѓе работеше подолго време за Македонија и Струмица да се претстават како што доликува, како одличен домаќин на ова мега-првенство со 22 екипи“, појасни генералниот секретар на МКФ.Селекторот Михајловски заедно со двајцата играчи потенцираше на квалитетот на шампионатот и важноста да се влезе максимално во секој дуел.„Имавме навистина силни подготовки кои ги почнавме со базични тренинзи и во кои одигравме 10 пријателски натпревари. Овој шампионат е многу важен за нашите момци, важен е и резултатот, но уште поважно е искуството кое ќе го стекнат, а немале шанса да го направат тоа досега. Поради неискуството на нашиот тим можам ќе кажам дека во сите средби мораме да влеземе максимално и не смееме да потцениме никого. А резултати можат да дојдат затоа што знам дека имаме квалитетни и многу потенцијални играчи“, меѓу другото кажа селекторот.Европското првенство во Струмица почнува во четврток, а за среда закажано е свечено отворање на шампионатот на плоштадот во градот. На церемонијата ќе присуствуваат сите преку 500 учесници на најголемото првенство во младинските категории во историјата на ФИБА Европа. Првата средба, која ќе биде многу важна за Македонија и за самодовербата на играчите, закажана е за 28 јули во 19 часот. Македонија ќе игра на отворањето против селекцијата на Англија./крај/МКФ/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Помалиот“ клуб од Париз го елиминира ПСЖ од Купот на Франција
Фудбалерите на Пари Сен Жермен, во 1/16-финалето доживеаја елиминација од Купот на Франција, што, само по себе, претставува вистинска сензација.
„Џелатот“ на европските шампиони и беше градскиот ривал, Париз ФК, чиј стадион е оддалечен само 20 метри од „Паркот на принцовите“.
Интересно е што овие два тима одиграа натпревар од Лига 1 на истото место пред осум дена и тогаш „светците“ победија со 2:1, но сега помалку познатиот тим од „градот на светлината“ беше подобар со минимален резултат – 0:1.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Џонатан Иконе, напаѓач кој беше принуден да влезе во игра во 40-та минута, наместо повредениот Гори.
Во 74-та минута, по додавање од Кебала, Иконе им донесе предност на гостите, на што ПСЖ немаше одговор.
Иако Луис Енрике ги имаше на теренот Хвича Кварацхелија, Бредли Баркола, Гонзало Рамос, Фабијан Руиз, Витиња, Усман Дембеле и Дезире Дуе од 65-та минута, никој не успеа да најде пат до мрежата.
Foto/ EPA
Спорт
Астон Вила извиси, Галагер се сели во Тотенхем
Конор Галагер го напушта Атлетико Мадрид, но кариерата нема да ја продолжи во Астон Вила туку во Тотенхем.
Играчот редот за врска, за чии трансфер пред 18 месеци од Челзи, „јорганџиите“ издвоија 42 милиони евра, не се снајде во системот на Чоло Симеоне.
Атлетико даде дозвола трансферот да биде реализиран.
Инаку, во текот на вчерашниот ден информациите говореа дека Галагер ќе оди кај Унаи Емери во Астон Вила.
Планот се смени во последен момент, бидејќи Тотенхем се јави да го октупи договорот на Галагер, нешто што Вила не сакаше да го направи. Клубот од Бирмингем понуди два милиони евра за позајмица, со право на откуп по завршувањето на сезоната.
Англиските медиуми тврдат дека Галагер во текот на денот ќе пристигне во Лондон, а кога ќе ги заврши лекарските прегледи ќе потпише договор со Тотенхем.
Спорт
Реал скапо ќе го плати отказот на Алонсо
Чаби Алонсо (44) повеќе не е тренер на Реал Мадрид, потврди „Кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница. Чаби и Реал го раскинаа договорот по меѓусебна согласност само еден ден откако Мадрид загуби со 3:2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Нов тренер ќе биде Алваро Арбелоа (42).
Отказот на Чаби Алонсо скапо ќе го чини Реал. Шпанскиот тренер и поранешен играч на Реал имаше плата помеѓу осум и девет милиони евра по сезона.
Шпанскиот весник „Ел Дебете“, пишува дека Реал ќе мора да му плати 15 милиони евра отштета на Чаби Алонсо.
За потсетување, минатото лето Реал му плати 15 милиони евра на Баер Леверкузен за Алонсо да се пресели во Мадрид.
Алонсо го водеше тимот во 34 натпревари, во сите натпреварувања, оствари 24 победи, четири нерешени резултати и шест порази.
Реал остана на второто место на табелата во шпанското првенство со 45 освоени бода по 19 кола, четири помалку од лидерот Барселона. Во Лигата на шампионите се седми со 12 бода по шест кола, а во Купот се во осминафиналето, каде што во среда ги чека Албасете.
Токму против Албасете на клубата ќе дебитира новиот тренер.

