Македонија
По 25 години изведена првата трансплантација на бубрези од починат донор
Првата трансплантација на бубрези од мртов донор на двајца пациенти, е извршена во недела на Клиниката за урологија, после 25 години од извршувањето на ваква операција во 1989 година.
Новиот протокол налага да не се откриваат идентитетот ниту полот на пациентите, кај кои е извршена трансплантацијата. Пациентите се стабилни и се под надзор на стручни лекарски тимови.
Во Македонија околу 35 пациенти чекаат за донација на бубрег. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Каде скопските градоначалници го одлагаат собраниот отпад, прашуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје
Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад од контејнерите поставени на булеварот Гоце Делчев до хотел ВИП, булеварот Партизански одреди, булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, улиците Даме Груев и Џон Кенеди, како и на повеќе локации во скопската општина Аеродром. Во рамките на вчерашните активности беа подигнати вкупно 350 тони комунален отпад, соопштија од претпријатието.
Досега како што информираат од таму, немаат добиено одговор од страна на градоначалниците на скопските општини каде го одлагаат отпадот од наводните активности за собирање на комуналниот отпад што тврдат дека ги спроведуваат во рамките на своите општини.
„ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден не забележа дека е подигнат отпад од страна на општинските комунални претпријатија во ниту една скопска општина. Се прашуваме дали навистина и на кои локации се одвиваат овие активности“, прашуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје
Македонија
„Вреди“: Кулата на лагите се урна на 19 октомври
Политиката градена 20 години со самозадоволство, измама и ароганција се урна на 19 октомври како кула од карти. Победите на „Вреди“ во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино, Теарце и убедливото водство во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени се јасниот одговор на Албанците на ПР-трикот „референдум“ што го трубеше мачното трио Ахмети-Таравари-Села со месеци, велат од „Вреди“
„Во Кичево се виде вистинското лице на старата политичка каста. Кога избувна скандалот, одговорот беше ист како 20 години по ред „да го поминеме и ова, како и секој друг пат“. Ова е филозофијата што ги држи Албанците како заложници, затворете ги очите, преправајте се дека не слушате, а утре продолжете како ништо да не се случило.
По објавувањето на компромитирачките материјали, коалицијата „Вреди“ побара повлекување на кандидатот на НАИ од трката за да се заштити достоинството на процесот. Но, тој одлучи да продолжи, ставајќи го Кичево во нефер позиција и докажувајќи дека за оваа политичка каста, власта е последниот политички кислород“.
Ова, акко што оценуваат, е последица на политиката која со години сè градеше врз ароганција, лаги и лично пазарење, мислејќи дека секој скандал „поминува за три дена“.
„За коалицијата „Вреди“, јавниот морал не е предмет на преговори. Затоа, сега луѓето од Кичево мора сами да ја донесат пресудата.
Македонија
Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во недела
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во недела најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата.
Од вторник температурите ќе бидат во опаѓање.
Во Скопје, во недела попладне, а особено во текот на ноќта и во понеделник претпладне ќе има врнежи од дожд. Локално во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

