Македонија
Квизовите за „брзи пари“ ги празнат џебовите на граѓаните

Интерактивни телефонски квизови кои се емитуваат во комерцијалните електронски медиуми придонесуваат повеќе за трошење на пари, отколку за заработка.
Интерактивни телефонски квизови кои се емитуваат во комерцијалните електронски медиуми придонесуваат повеќе за трошење на пари, отколку за заработка. Ова во среда го изјави претседателот на Советот за радиодифузија(СРД) Зоран Стефаноски, на средбата со Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. На состанокот, на кој присуствуваа и претставници од Организацијата на потрошувачи на Македонија и Агенцијата за електронски комуникации, беше истакнато дека има потреба од измени на подзаконските акти, со цел граѓаните да бидат заштитени од измама. „Сегашната законска регулатива не е најпрецизна околу користењето на телефонски броеви со додадена вредност кои се употребуваат во квизовите. Ќе направиме дополнителен напор преку подзаконски акт конкретно да го регулираме ова прашање, да поставиме јасни и недвосмислени правила на игра“, рече претседателот на СРД. Директорот на Агенцијата за електронски комуникации која ги доделува овие телефонски броеви, Петар Иваноски истакна дека ќе се потрудат организациите со здружени сили да ги изменат подзаконските акти и изрази надеж дека до текот на наредната недела ќе се пронајде едно прифатливо и заедничко решение што ќе даде резултати. Било договорено до средината на идната недела промените во законот да бидат направени и за ова да биде известен претседателот на Собранието на Република Македонија. /крај/бд/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).
Македонија
Тошковски од Мала Преспа: Македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на Македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот „Македонско културно лето“–симбол на истрајноста и духот на македонската заедница во Албанија.
„Фестивалот претставува жив сведок на богатството на македонската култура, уметност и традиција и испраќа јасна порака дека македонскиот идентитет не познава граници. Наша обврска е да го зачуваме и промовираме, секаде каде што чука македонско срце”, потенцираше министерот Тошковски.
Во рамки на посетата на Пустец министрите остварија средба со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колевски со кого разговараа за конкретни начини на поддршка од страна на македонската држава.
„Како Министерство за внатрешни работи, подготвени сме да го олесниме процесот за издавање на лични документи на оние жители кои имаат македонско државјанство и да преземеме мерки за олеснување на граничниот проток на преминот Стење, особено во сезоната на берба на јаболка, кога многу жители од овој крај доаѓаат на работа во Ресенскиот регион“, истакна министерот Тошковски.
Присутните вечерва имаа чест да го проследат настапот на велешкиот театар – силна потврда дека македонската култура обединува, каде и да се наоѓа.
„Мала Преспа е прекрасна, но уште повредно е чувството дека македонскиот дух тука живее силно и гордо“, заврши министерот Тошковски.