Македонија
Средба Црвенковски – Груевски за нов преговарач за името
Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска напладне ќе се сретнат во претседателскиот кабинет за да ги координираат заедничките активности од надворешната политика
На средбата се очекува да стане збор за прашањето за македонски преговарач за името, по разрешувањето на Никола Димитров од таа функција, за именувањето на нов амбасадор на Македонија во Белград, како и за други прашања во заедничка надлежност на претседателот и премиерот. Името на преговарачот кој во придружба со Мартин Протоѓер ќе треба да ја застапува Македонија во преговорите за спорот за името што се водат под покровителство на ОН во Њујорк се уште не е договорено. Пред неколку дена неколку пишани медиуми повикувајќи се на владини извори, како потенцијални преговарачи ги споменуваа имињата на Благоја Ханџиски, македонскиот амбасадор во Грција, Зоран Јолевски, амбасадор во Вашингтон, и професорот Ѓорѓе Иванов. Владата вчера попладне преку соопштение ја демантираше ваквата листа. „Досега не е подготвена куса листа и не се точни известувањата за кое било од трите имиња кои се спомнуваат во текстовите“, се вели во соопштението на Владата. На заедничката средба најверојатно ќе стане збор и за именување нов амбасадор во Србија, со оглед на позитивните сигнали кои викендот ги даде српскиот претседател Борис Тадиќ дека Македонија и Црна Гора треба да го направат првиот чекор и да побараат враќање на амбасадорите во Белград. Црвенковски вчера ја поздрави ваквата изјава на својот српски колега. Тој ја повика македонската влада согласно со законот да започне консултации со претседателот на државата за именување нов амбасадор на Македонија во Белград. Србија им го ускрати гостопримството на амбасадорите на Македонија и на Црна Гора, прогласувајќи ги за „персона нон грата“, откако двете земји ја признаа независноста на Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бизнисмен од Штип крадел струја: манипулирал на сите три фази на броилото
Тимот на Електродистрибуција специјализиран за откривање неовластено користење на електрична енергија утврди основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во станбена куќа во сопственост на бизнисмен од Штип.

Констатирано е противправно користење на електрична енергија во објект на улицата „Борко Талев“ во Штип, манипулација на сите три фази на броилото, велат од Електродистрибуција.
Од таму додаваат дека е направен записник за неовластено користење и дека е поднесена Пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ, како и дека е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 364.658 денари.
Случајот е документиран од страна на Министерството за внатрешни работи.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Велес
Сообраќајот на патниот правец Градско – Велес, кој беше во прекин поради незгода, во 11:30 часот e пуштен во двата правци, соопшти АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
До крајот на неделата следува период на променливо обчачно време со повремени врнежи од дожд
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови во форма на невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат пообилни (15-25 l/m2). Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец.

