Свет
Михаел Шумахер не се враќа во Формула 1!
Седумкратниот шампион во Формула 1 и возач на „ферари“ Михаел Шумахер нема да се врати на трките во „најбрзиот циркус“ поради повредата на вратот што
Седумкратниот шампион во Формула 1 и возач на „ферари“ Михаел Шумахер нема да се врати на трките во „најбрзиот циркус“ поради повредата на вратот што ја задоби при пад од мотор.
Ова, на својата официјална веб страна, синоќа го најавил Шумахер, соопштувајќи му ја својата одлука на претседателот на Ферари Лука ди Монтеземола.
Шумахер во изјавата истакнува дека „последиците од повредите предизвикани во несреќата минатиот февруари – фрактурите во пределот на главата и вратот – се покажале како претешки“.
Четириесетгодишниот Германец тврди дека тоа посебно се однесува на болките во вратот, кој не е во состојба да ги издржи напорите и стресните ситуации што ги предизвикуваат трките во Ф1.
По несреќата на квалификациите за Големата награда на Унгарија, возачот на ферари Фелипе Маса беше хоспитализиран, поради што тимот од Маранело мораше да бара замена.
Гласините дека Шумахер би можел да го замени Маса за кратко време ја возбудија автомобилската спортска јавност, а Германецот веќе започна да го тестира стариот болид на ферари.
Но, сепак, се чини дека тест возачот на Ферари Лука Бадоер ќе му се придружи на Кими Раиконен. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

