Свет
Пакистан отвара истрага против бившиот претседател Мушараф

Пакистанската полиција покрена тужба против бившиот пакистански претседател Первез Мушараф бидејќи наредил апсење на десетина судии што му се
Пакистанската полиција покрена тужба против бившиот пакистански претседател Первез Мушараф бидејќи наредил апсење на десетина судии што му се спротивставиле пред две години.
Мушараф на 3. ноември 2007. година прогласи вонредна состојба и отпушти повеќе од 60 судии, стравувајќи дека врховниот суд би можел да донесе одлука против неговата кандидатура на претседателските избори, аргументирајќи го тоа со фактот дека е воено лице.
Судијата од подрачјето на Исламабад Мохамад Акмал побара вчера од полицијата да ја регистрира тужбата против Мушараф.
Мушараф, кој дојде на власт со државен удар во 1999. година и поднесе оставка во август 2008., моментно се наоѓа во Лондон. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се удавила себеси и трите деца откако мажот ѝ се самоубил

Жена од Минесота ги удавила своите три деца и себеси минатата недела откако претходно ја повикала полицијата за да пријави смрт на својот сопруг, јавуваат тамошните власти.
Телата на трите деца и нивната мајка биле извлечени од езерото Ваднаис, а неколку дена подоцна шерифот на округот Ремси го објави идентитетот.
Мајката Моли Ченг (23) ги удавила децата на 3, 4 и 5-годишна возраст, пренесува „NBC news“.
Таткото на децата, Џи Ли (27), неколку дена претходно се самоубил со огнено оружје. Шерифот сè уште ги истражува околностите околу трагичниот настан.
Ченг пријавила во петокот дека нејзиниот сопруг се застрелал. Истиот ден роднина на семејството ја алармирал полицијата дека Ченг би можела да се самоубие, по што тргнала потрага по жената и трите деца.
Бил следен нејзиниот мобилен телефон, сè до езерото каде што бил пронајден и нивниот автомобил.
Безживотните тела на мајката и децата биле извлечени од езерото минатиот викенд.
Свет
Британски медиуми: Борис Џонсон е подготвен да поднесе оставка

Британскиот премиер Борис Џонсон е подготвен да поднесе оставка, јавуваат британските медиуми, додавајќи дека денеска се очекува официјално соопштение.
Тој се соочува со невидена владина криза бидејќи во последните 24 часа над 50 членови на неговиот кабинет поднесоа оставки. Џонсон досега одбиваше да го стори тоа, а го разреши министерот кој јавно го повика да поднесе оставка.
Но, соочен со распадот на кабинетот, се чини дека веќе нема избор, а како што пренесуваат британските медиуми, тој е подготвен да поднесе оставка, а неговата официјална изјава за оваа работа се очекува за неколку часа.
„Франс прес“ и Би-би-си јавуваат дека Џонсон денеска ќе поднесе оставка на местото лидер на Конзервативната партија. Тој наводно се согласил, како што пренесуваат медиумите, дека сака да најде нов лидер на партијата и дека ќе остане на премиерската позиција додека не се најде нов.
Други медиуми велат дека тој е подготвен да поднесе оставка од премиерската функција.
Свет
Жена избодена до смрт на политички фестивал во Шведска

Една жена е избодена до смрт на шведскиот остров Готланд за време на годишен политички фестивал пред општите избори за нешто повеќе од два месеца, соопшти денеска полицијата.
Според информациите од полицијата, осомничениот за убиството е приведен, но без дополнителни детали, пренесува „Ројтерс“.
Политичкиот фестивал на островот Готланд привлекува илјадници луѓе кои доаѓаат да слушнат како зборуваат и како се дружат политичарите.
Во моментот на инцидентот на состанокот имало многу луѓе. Мотивот за убиството допрва ќе се утврдува.