Свет
Михаел Шумахер не се враќа во Формула 1!

Седумкратниот шампион во Формула 1 и возач на „ферари“ Михаел Шумахер нема да се врати на трките во „најбрзиот циркус“ поради повредата на вратот што
Седумкратниот шампион во Формула 1 и возач на „ферари“ Михаел Шумахер нема да се врати на трките во „најбрзиот циркус“ поради повредата на вратот што ја задоби при пад од мотор.
Ова, на својата официјална веб страна, синоќа го најавил Шумахер, соопштувајќи му ја својата одлука на претседателот на Ферари Лука ди Монтеземола.
Шумахер во изјавата истакнува дека „последиците од повредите предизвикани во несреќата минатиот февруари – фрактурите во пределот на главата и вратот – се покажале како претешки“.
Четириесетгодишниот Германец тврди дека тоа посебно се однесува на болките во вратот, кој не е во состојба да ги издржи напорите и стресните ситуации што ги предизвикуваат трките во Ф1.
По несреќата на квалификациите за Големата награда на Унгарија, возачот на ферари Фелипе Маса беше хоспитализиран, поради што тимот од Маранело мораше да бара замена.
Гласините дека Шумахер би можел да го замени Маса за кратко време ја возбудија автомобилската спортска јавност, а Германецот веќе започна да го тестира стариот болид на ферари.
Но, сепак, се чини дека тест возачот на Ферари Лука Бадоер ќе му се придружи на Кими Раиконен. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пекин воведе задолжителна вакцинација против ковид – кој сака во град мора да се вакцинира

Пекинг ја направи вакцинацијата против Ковид-19 задолжителна за жителите доколку сакаат пристап до многу јавни места.
Со ова, Пекинг стана првиот град во Кина што го сторил тоа во обид да го спречи ширењето на заразниот вид омикрон.
Од 11 јули луѓето кои сакаат да влезат во одредени јавни установи ќе мора да се вакцинираат против коронавирусот, освен ако не можат да ја примат вакцината од здравствени причини, соопшти градската управа, пренесува Си-Ен-Ен.
Вакцинацијата е побарана на ниво на цела Кина за работниците на високоризични позиции, како што се оние во јавниот транспорт и индустријата за ладен ланец, но не е воведена општа задолжителна вакцинација за сите жители.
До 17 април, 80,6 отсто од луѓето на возраст над 60 години ја примија вакцината против коронавирусот во кинескиот главен град.
Кинеските власти ги засилија напорите да ги зголемат стапките на вакцинација, особено кај постарата популација, бидејќи омикронот оваа година предизвика епидемии едно по друго.
Во Пекинг, од жителите веќе се бара да покажат доказ за негативен тест за Ковид 19 во рок од 72 часа за да влезат на сите јавни места.
Условот за вакцинација доаѓа откако Пекинг пријави три случаи на БА.5.2 под-варијантата омикрон сој, кој е високо пренослив и способен да избегнува антитела, пренесува Си-Ен-Ен.
Регион
Европарламентарци: Србија итно треба да го преиспита својот став кон Русија

Застапниците во Европскиот парламент сакаат Србија да го преиспита својот став кон Русија, пренесува Euro news.
Од почетокот на руската инвазија во Украина официјален Белград одржува блиски контакти со Русија, спротивно на ставот на ЕУ.
Вчера членовите на Европскиот парламент одобрија годишен извештај за проценка во која се изразува жалење што Србија не ги усклади санкциите на ЕУ за Русија. Текстот е усвоен со 523 гласа за, 78 против и 34 воздржани.
„Постои итност во случајот со Србија да направи промени `дома` во врска со ставот кон Русија. Тоа е земја која секогаш гледала во различни правци, кога станува збор за надворешната политика. Мислам дека сега е време Србија да одлучи каде стои и се надевам дека ќе донесат јасна одлука кон Европа“, рече европарламентарецот Владимир Билчик.
Свет
Прва реакција од Москва за најавената оставка на Борис Џонсон

Кремљ објави дека британскиот премиер Борис Џонсон не ја сака Русија, а дека ниту Москва не го сака него.
„ Џонсон не нè сака, не ни се допаѓа ниту на нас“ – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој истакна дека веста дека Џонсон наскоро ќе поднесе оставка од премиерската функција не претставува ништо посебно за Кремљ.