Македонија
Хатчисон: Македонија среќна што не е дел од еврозоната во вакви услови
Македонија треба да биде благодарна што не е дел од еврозоната и што може да ја одржува својата економија конкурентна, вели во Интернет-интервјуто за Гласот на Америка на македонски, поранешниот советник на македонската влада, Мартин О. Хатчинсон.
Македонија треба да биде благодарна што не е дел од еврозоната и што може да ја одржува својата економија конкурентна, вели во Интернет-интервјуто за Гласот на Америка на македонски, поранешниот советник на македонската влада, Мартин О. Хатчинсон.Мартин О. Хатчинсон е инвеститор со 25-годишно меѓународно искуство. Ја советувал македонската влада за враќање на заробените заштеди на 800.000 штедачи во банките на поранешна Југославија. Сега е колумнист во публикацијата „Ројтерс брејкингвјуз“. Автор е на книгата Големите конзервативци – студија за подемот, триумфот и падот на британскиот конзерватизам.Што значи грчката должничка криза за Европа?- Самата посебе, не премногу. Тоа е корекција на грешките направени во 1981-ва и 2002-ра, расчистување на метежот создаден со прекумерното субвенционирање на Грција, дозволувајќи нејзиниот животен стандард да биде целосно неконкурентен. Проблемот сега е што берзите ја проширија недовербата за платежната способност и на други земји во Европа. Тоа можеше да биде решено со враќање на драхмата, но сега е закана за целата Европска унија.Како грчката должничка криза и кризата во еврозоната влијае врз земјите кои не се дел од неа, конкретно Македонија, која има блиски економски односи со Грција и Европа?- Македонија треба да биде благодарна што не е дел од еврозоната и што може да ја одржува својата економија конкурентна. Краткорочно, извозот во Грција ќе биде тешко погоден, а инвестициите од Грција ќе бидат намалени. Долгорочно, проблемот ќе биде тоа што проширувањето на Европската унија ќе биде успорено, а условите за зачленување построги.Кои се чекорите што македонската влада треба да ги преземе за да го минимизира негативниот ефект врз економијата?- Не сум ја анализирал македонската економија директно веќе неколку години. Најважно е да се одржува меѓународното финансирање на македонските потреби, посебно во приватниот сектор. Владата мора да стори се` за да оствари буџетски вишок, затоа што мошне е реално да дојде до нагло натрупување на трошоци.Пред десет години го советувавте за економски прашања тогашниот министер за финансии, а сегашен премиер Никола Груевски. Што беше најголемиот предизвик во тој период за македонската економија?- Мојата советодавна улога беше ограничена на едно-единствено прашање, а тоа беше враќањето на заштедите на македонските граѓани што беа одземени за време на распадот на поранешна Југославија. Во тоа време главен проблем беше довербата во системот и механизмите на домашното штедење. Речиси во сите земји, но посебно во земји како Македонија, кои се без поголем пазар на капитал, приватните заштеди се главниот извор на капитал за новите бизниси што создаваат нови работни места, а со тоа нивното задржување и одржување е приоритет број еден на секоја одговорна влада.Дали мислите дека е постигнато доста во претходните 10 години за македонската економија?- Моето познавање е многу ограничено, но според економските податоци, напредокот навидум е доста значаен. Се надевам дека мојата тамошна работа на штедните влогови придонесе за тоа и искрено му честитам на премиерот Груевски.- Кои се предизвиците за македонската економија денес?Неопходноста ефикасно да ја интегрира сопствената економија со Европската унија во целина, што ќе резултира во членство во Унијата кога тоа ќе биде возможно. Краткорочно, сите бизнис-контакти со земјите-членки на ЕУ освен Грција, вклучувајќи ги Бугарија и Романија, ќе го забрзаат развојот и ќе го помогнат за подигање на животниот стандард на Македонија на нивото на ЕУ.Кога би советувале премиерот Груевски денес, што би му порачале?- Да создаде буџетски вишок и да направи се` што може да привлече капитал во приватните претпријатија во Македонија (вклучувајќи ги и неопходните правни и антикорупциски мерки). Ако парите завршуваат во приватниот сектор, ќе уследи брз напредок. Но, повторувам, јас бев во Скопје пред 11 години, и оттогаш само општо ја следам ситуацијата./крај/воа/јб/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Во текот на декември подигнати 𝟣𝟥 𝟢𝟢𝟢 тони комунален отпад во Скопје
Во текот на месецот декември 2025 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортираше вкупно 13 000 тони комунален отпад од кантите во индивидуалните домувања и контејнерите поставени на јавни површини на територијата на градот Скопје, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, екипите на Претпријатието отстранија и 2200 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.

Во текот на последниот месец од минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше голем број едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпад, при што се изготвени 225 записници.

Најголем број на записници – вкупно 85 – се врачени во скопската општина Kарпош“, се додава во соопштението на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
РСБСП Апелира: Возете внимателно и одговорно во зимски услови!
Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови.
„Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка антифриз, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците“.
РСБСП апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на патиштата и нивната проодност, да ја прилагодат брзината на движење според условите и состојбата на патот, да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата – со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Истражувањата покажуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание за време на управување со возилото.
Затоа, РСБСП упатува јасен апел: Само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата – секој живот е важен.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.

