Спорт
Наполи и Бари ги поделија бодовите
Последниот натпревар од второто коло во Серија А, помеѓу Наполи и Бари заврши без победник 2:2.
Последниот натпревар од второто коло во Серија А, помеѓу Наполи и Бари заврши без победник 2:2.
Бари поведе со голот на Барето во 12 минута, израмни Кавани во 37 минута. Резултатот 1:1 беше активен се до 87 минута кога двете екипи постигнаа по уште еден гол, Паоло Канаваро за Наполи и Кастиљо за Бари.
Комплетни резултати од второто коло во Серија А:
Бреша-Палермо 3:2Катанија-Парма 2:1Џенова-Киево 1:3Јувентус-Сампдорија 3:3Лацио-Болоња 3:1Лече-Фиорентина 1:0Наполи-Бари 2:2Интер-Удинезе 2:1Каљари-Рома 5:1Чезена-Милан 2:0
По две кола во Серија А на лидерската позиција се наоѓа екипата на Киево.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Де Зерби останува во Брајтон
Италијанскиот тренер Роберто Де Зерби нема намера да го напушти Брајтон по завршувањето на сезоната.
Медиумите на Островот пренесуваат дека италијанскиот стручњак ја одбил понудата на Баерн да го наследи Томас Тухел.
Покрај тоа, неговото име во последните недели се поврзуваше со Челзи, Милан, Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но се чини дека тој ќе остане на југот на Англија.
Тој најави дека ќе следат разговори со првиот човек на клубот Тони Блум.
„Ќе разговараме со Тони Блум. Мислам дека би сакал да останам во Брајтон, бидејќи ги сакам овие играчи. Овој град, клубот, навивачите. Реков на средбата со навивачите, ако сум среќен, не постои клуб што ќе ме натера да го емнам тимот“, вели Де Зерби.
Неговиот тим моментално е на 12. место во Премиер лигата
Спорт
Вулвс го откупија Дојл од Манчестер Сити
Англискиот играч од средниот ред Томи Дојл, кој оваа сезона е позајмен во Вулверхемптон од Манчестер Сити, ќе остане во редовите на Волвс, откако клуботреши да го откупи неговиот договор.
Дојл сезонава забележа 30 настапи во сите натпреварувања. Со Вулверхемптон потпиша четиригодишен договор. Манчестер Сити од трансферот заработи 4,3 милиони фунти.
Шампионот на Англија ќе заработи 50 отсто од следниот трансфер на 22-годишниот фудбалер, а за веќе договорената цена ќе има можност во иднина да го врати Дојл во своите редови.
Англичанецот игра на позицијата централен играч за врска.
Минатата година го освои Европското првенство за играчи до 21 година.
Спорт
Ваулс: Сакаме Њуи да се врати во Вилијамс
Првиот човек на тимот на Вилијамс во Формула 1 шампионатот, Џејмс Ваулс, во Мајами потврди дека тимот размислува да го ангажиран најдобриот дизајнер во Формула 1, Адријан Њуи.
Њуи, официјално ќе се раздели со Ред Бул на почетокот на следната сезона, во март, а пред тоа нема да може да се приклучи на новиот тим.
Медиумите шпекулираат дека тој би можел повторно да се обедни со Луис Хамилтон во Ферари, но Ваулс потврди дека се зборувало за враќање на Австралиецот во Вилијамс.
Таму Њуи го помина поголемиот дел од последната деценија на 20 век, каде што беше еден од инженерите, во тимот кој доминираше на патеките.
„Го познавам Адријан долго време, разговаравме во петокот. Сигурен сум дека ќе го направиме тоа повторно наскоро. Тој е икона во Формула 1, без сомнение. Освои титули во сите тимови“, изјави Ваулс и додаде:
„Тоа не е случајно, тоа го одразува неговиот придонес и влијанието што го има врз овој спорт. Би било штета да не разговараме со Њуи за можна соработка. Не може да биде поедноставно од тоа“.
Њуи се приклучи на Вилијамс во 1991 година и е еден од креаторите на неверојатниот автомобил „FW14B“, во кој Најџел Менсел го освои светскиот шампионат во 1992 година. Вилијамс ја освои титулата уште неколку пати со Њуи на чело, пред инженерот да се пресели во Мекларен.
Some impressive stats from Adrian Newey's time in F1 🏆🔢 pic.twitter.com/mnW0aOLlTt
— Sky Sports F1 (@SkySportsF1) May 2, 2024