Спорт
Робињо: Полесно се игра за Бразил отколку Сити
Робињо застана во одбрана на својата форма во Манчестер Сити, но признав дека е полесно да прикажува добри партии за Бразил одколку во дресот на Сити
Сити го шокираше фудбалскиот свет кој во последниот ден од летниот трансфер период го ангажираше Робињо за околу 32 милиони фунти. Додека формата на Бразилецот на домашен терен е добра, Робињо е обвинет за премногу анемичност на гостувањата како и податокот што тој нема постигнато погодок оваа година. Робињо застана во одбрана на својото рекорд во Сити, но признава дека е опкружен од подобри играчи во Бразилскиот национален тим. “Навистина сум посветен на мојот клуб.” – рече Робињо на пресконференцијата во пресрет на дуелот со Еквадор. “Понекогаш се запрашувам зошто подобро играм во дресот на Бразил отколку во оној на Еквадор.” “Ја имам истата волја на двете места но Манчестер Сити е еден тим а националиот состав на Бразил е друг.” “Не дека сакам да покашам непочитување кон играчите на Сити, кои се навистина добро, но тука играњето со Кака и Роналдињо е нависта поразлично.” “Тука играм добро, но исто така верувам дека играм добро и во Манчестер Сити. Имам постигнато 11 погодоци.” Робињо исто така повлече линија по контроверзните коментари на Пеле, кој е цитиран како вели дека ѕвездата на Сити користел дрога. “Рабоата со Пеле излезе надвор од контрола.” – продолжи Робињо. “Видов интервју во кое тој рече дека е недоразбирања. Сакам да кажам дека никогаш не сум бил инволвиран во работи поврзани со дрога и доколку тоа било случајот никогаш немаша да бидам тука со националниот тим.” “Мислам дека целата работа сега е завршена.”
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алушовски го презеде Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер има нов тренер. На местото на Рубе Гарабаја, екипата до крајот на сеозната ќе ја предводи, поранешниот играч на овој клуб, Стевче Алушовски.
„Нашиот нов почеток во 2026 година е поврзан со добро познато име. Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.
Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд“. објави клубот на социјалните мрежи.
Новиот тренер првиот собир го закажа за в среда (14 јануари) во 17:00 часот.
Izvor/ facebook.com/hceurofarmpelister
Спорт
Раониќ официјално замина во пензија
Канадскиот тенисер Милош Раониќ (35) одлучи да ја заврши кариерата.
Раониќ, освои осум титули од турнири од пониски категории. Играше во финалето на Вимблдон во 2016 година, а се бореше за титулите на Мастерс турнирите во Синсинати, Индијан Велс, Париз и Торонто.
„Дојде моментот… Се повлекувам од тенисот. Ова е моментот за кој знаете дека еден ден ќе дојде, но некако никогаш не се чувствувате целосно подготвени за него. Тенисот ми беше љубов и опсесија поголемиот дел од мојот живот“, напиша Раониќ.
Негова најдобра година беше 2016 година. Покрај финалето на Вимблдон, каде во полуфиналето беше подобар од Роџер Федерер, тој играше и во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија и на Завршниот Мастерс, финалето на Индијан Велс и ја заврши годината на третото место.
„Мамо, тато, Јелена и Момир, вечно ви сум благодарен што во многу моменти ги ставивте вашите животи настрана за да имам можност да го остварам мојот сон. Ова стана реалност само благодарение на вас. Ништо од ова не би било можно без вашиот постојан напор и емоционалната поддршка што ја вложивте во моите соништа. Колку и да сум среќен што го пронајдов тенисот, тоа бледее во споредба со тоа колку сум среќен што ве имам вас како мои родители, сестра и брат. Се надевам дека ќе ги правам мојата сопруга и син горди секој ден и дека ќе можам да бидам семејство за нив, како што бевте вие за мене“, додаде тој, меѓу другото.
Последен пат играше на Олимписките игри во 2024 година во Париз, каде што загуби од Доминик Кепфер во првото коло.
Спорт
Ѓорческа успешно стартуваше во квалификациите за АО
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, успешно стартуваше во квалификациите за пласман на Австралија опен, првиот гренд слем турнир во сезоната.
Ѓорческа, во првата рунда, ја победи 100 места подобро пласираната, Сиња Краус од Австрија.
За 62 минути, Ѓорческа победи со 2:0 (7:5, 6:0).
Мечот беше рамноправен до 5:5 во првиот сет, Ѓорческа во 12-от гем направи брејк го освои сетот, а потоа во вториот ја збриша својата противничка.
Ѓорческа во второто коло ќе игра против Тамара Зиданшек (151 на ВТА листата) од Словенија.
Foto/ facebook.com/linagjorcheska/

