Македонија
Почна реконструкцијата на булеварот Климент Охридски
За пет месеци булеварот Свети Климент Охридски ќе има по три коловозни ленти во секоја насока, најави денеска градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, на свеченоста по повод почетокот на работите на булеварот.
За пет месеци булеварот Свети Климент Охридски ќе има по три коловозни ленти во секоја насока, најави денеска градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, на свеченоста по повод почетокот на работите на булеварот.
Со овој проект, за кој градот Скопје издвои околу 29 милиони денари, булеварот ќе се проширува во три фази.
„Реконструкцијата ќе почне на потегот од крстосницата со улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, до крстосницата со булеварот Партизански одреди, во должина од 500 метри.
Секоја од трите коловозни ленти ќе биде широка 3,5 метри, со средишно зеленило и нови тротоари покриени со бехатон плочки.
Во текот на градежните работи на улицата ќе се воведе привремен сообраќаен режим и ќе се постави соодветна патна сигнализација.
Градоначалникот Трајановски најави дека идната недела очекува почеток на реконструкцијата на булеварот Даме Груев. /крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

