Македонија
Георгиев:Груевски јавно да го осуди убиството на момчето
Бруталниот полицаец Игор Спасов е поранешен член на обезбедувањето на Груевски и еден од кадрите на агенцијата за обезбедување “Лупус“, изјави Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ, на денешната прес конференција.
Бруталниот полицаец Игор Спасов е поранешен член на обезбедувањето на Груевски и еден од кадрите на агенцијата за обезбедување “Лупус“, изјави Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ, на денешната прес конференција. „Се повторува историјата. На ист начин како што се заташка усмртувањето пешак од телохранителот на шефот на тајната полиција, вчера скандалозно ДПМНЕ испратиле свои емисари кај семејството на убиениот обидувајќи да го купи нивниот молк“, рече Георгиев. Тој го оцени како срамно однесувањето на премиерот Никола Груевски, бидејќи јавно не го осудил убиството на момчето. „Бараме точно лоцирање на одговорноста од страна на премиерот. Повторувам, премиерот да ја лоцира персоналната одговорност за овој трагичен настан и тоа да и го соопшти на јавноста!“, порача Георгиев. Според него, Гордана Јанкулоска веќе нема никаков морален кредибилитет да извршува каква било јавна функција. „Прво, заради тоа што МВР се обиде да го заташка убиството и второ, заради тоа што граѓаните го плаќаат данокот од бруталната партизација на полицијата во изминативе години. СДСМ бара да се стави крај на оваа пракса“, рече Георгиев. Од СДСМ побараа итно распуштање на полициската единица “алфи“. „И ’алфите’ и ’тигрите’ под раководство на ДПМНЕ ја изгубија својата смисла. Наместо за специјални намени, режимот ги злоупотребува за тепање, рекетирање на фирми, забегано однесување по кафулиња, дискотеки и улици, анархија и политичко насилство“, нагласи Георгиев. Тој уште еднаш побара од премиерот јавна осуда на убиството и прогласување ден на жалост за момчето. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.