Спорт
Кореецот го спаси Манју од срам на „Олд трафорд“
Парк Ји-Сунг постигна извонредни два погодока од кои вториот во третота минута од судиското продолжение со што на Манчестер Јунајтед му донесе победа над Вулверхемптон
Второпалсираниот Манчестер јунајтед беше на прагот непријатно да биде изненаден пред своите навивачи од фенерџијата Вулверхемптон волвс. Сепак јужнокорејскиот репрезентативец од средината на теренот Парк Ји-Сунг не го дозволи изненадувањето со двата погодока, и двата во судиското продолжение на крајот од двете полувремиња, во 45. минута и во 90+3. минута, откако во меѓувреме изедначи за гостите Силвејн Ибенкс-Блеј во 66. минута со одличен шут. На овој меч, за „црвените ѓаволи“ во игра влезе Овен Харгрејвс по неговоото дури двегодишно отсуство од фудбалските терени. Поранешниот играч на Баерн Минхен, по санирањето на повредата сега се соочува со психолошкиот предизвик од настапи во врвниот фудбал. Тој од септември 2008 г. има одиграна само една минута во тимот на Манчестер јунајтед. Харгрејвс беше заменет уште во 10 минута од Бебе иако неговата игра беше иста како и на целиот тим, но сепак ја имаше најдобрата шанса во првиот дел за „црвените ѓаволи“ кога неговиот остар шут кон противничкиот гол беше изблокиран. И Бебе подоцна, во 74. минута беше заменет од Мачеда. Јунајтед влезе на овој натпревар со повеќето играчи кои беа зафатени од настинката, вклучувајќи ги и Немања Видиќ, Патрис Евра и Пол Сколс, кои се разболеа на патувањето од во Турција на мечот од Лигата на шампионите, за што сер Алекс Фергусон и пред натпреварот најави дека не очекува стоотстотно залагање на своите играчи. Тие многу тешко се справуваа со одбраната на „волвсите“, а најгоелми проблеми им задаваше Мет Џарвис, како што тоа го стори и против Манчестер сити минатата недела. Гостите инаку беа блиску до отворање на резултатот кога шутот на Ненад Милијаш заврши во еден од телото на одбрана на Манечстер јунајтед. А пет минути подоцна и Стивен Хант не успеа во двојното проигрување со Џервис. Така водството на Јунајтед дојде како изненадување, бидејќи дотогаш неговите играчи не може да направат повеќе од неколку проигрувања во нападот.. Но во преден план на овој меч излезе огромното натпреварувачко искуство на домашните играчи, особено кога Дарен Флечер од левата страна нафрли една прецизна и употреблива топка, која го пронајде Парк зад одбраната на гостите во шеснаесетникот кој го матираше гостионскиот голман Маркус Ханеман. Кога се очекуваше дека Јунајтед го проби мразот и дека во вториот дел ќе одигра рутински за сигурна победа, гостинскиот менаџер Мик Мекарти во игра го внесе поранешниот млад играч на Манчестер, Ибенкс-Блејк кој го донесе изеднаувањето.По ова играчите на Манчестер кои се надеваат дека сезонава некако ќе се доберат до титулата, тргнаа во потрага по другите два бода, бидејќи губењето на бодовите на вакви мечеви против аутсајдерите значи и големо намалување на шансите а врвот на табелата. Но за среќа денеска го имаа Парк кого очигледно вирусот го одмина и во последните моменти од мечот успеа да спаси три бода кои уште пред почетокот на првенството беа впишани на контото на „црвените ѓаволи“.Манчестер јунајтед е на втората позиција со 23 бодови зад Челзи кој има 25 и меч помалку, а пред третиот Арсенал кој има десет мечеви и 20 бодови. Градскиот ривал Манчестер сити е четврти со 17 бодови Претходно Болтон и Тотенхем во првиот меч од 11-то коло на англиската фудбалска лига одиграа многу интересно второ полувреме во кој на крајот домаќините славеа со 4:2. Јунак на домаќините беше Кевин Дејвис со погодоците во 31., 76. од пенал и во 90+4. минута, и Гретан Стеинсон во 56. минута, додека а „спарсите“ надеждта ја подгреаја Хатон во 79. и Пављученко во 87. минута.Во сабота Блекбурн роверс на својот „Идвуд парк“ со 2:1 го совлада Виган атлетик. Головите ги постигнаа за домаќините Педерсон во 58. и Робертс во 68. минута, додека за гостите намали Нзогбиа во 74. минута. Сандерлен го совлада дома Сток сити со 2:0 со головите на А.Гиан во 9. и 86.минута, а Фулам и Астон вила ги поделија бодовите, откако гостите поведоа во 42. минута со голот на Олбрајтон а домашните изедначија дури во петтата минута од судиското продолжување преку Хангеланд. Евертон во низа успеава и натаму да остане непоразен. На гости кај Блекупул одигра 2:2 двапати брзо анулирајќи го водството на домашните. Стрелци за домашните беа Иардли во 10. и Воган во 48. минута, а за Евертон изедначува Кејхил во 13. и Колеман во 50. минута.И Бирмингем и Вест хем јунајтед одиграа 2:2, но во овој натпревар домашните успеаја да го стигнат убедливото водство на гостите. Вест хем поведе со 2:0 преку Пикуен во 48. и Бехрами во 58. минута, а Бирмингем изендачи преку Џером во 64. и Ридџгвел во 73. минута.Во недела 11-то коло од англиското фудбалско првенство ќе заврши со дуелите Арсенал – Њуаксл, Вест бромвич албион – Манчестер сити и дербито Ливерпул – Челзи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.

