Контакт

Региони

Годишнина од депортацијата на битолските Евреи

Објавено пред

Со плакета за градоначалникот, во знак на „огромната благодарност“, директорот на музејот на Холокаустот на Евреите во Македонија, ја изрази во средата големината на значењето на сите чекори, заложби и комплетната поддршка која градоначалникот Владимир Талески ја дава за реализација на проектот Меморијален парк на Евреите од Монастир/Битола.

dobivaj vesti na viber

Деветти март е денот кој потсетува на една болна историја, на депортацијата на голем број еврејски семејства, но истовремено дава и надеж за големината на луѓето кои сакаат да дадат свој придонес кон успешна реализација на започнатиот проект кој е од големо значење како за културата и историјата на Битола, така и за големината на овој град кој соодветно ги негува, чува и заштитува вредностите.

„Големо задоволство е да се биде тука со градоначалникот на Битола и со толку многу партнери од коалицијата којашто ние всушност овде ја градиме. Имавме прекрасен разговор со градоначалникот за иднината на проектот и за сите партнери кои што се подготвени да подадат рака на помош. Она што нас ни се случува во Израел е прекрасно, тоа е токму овој проект на Битола којшто поддршката ја добива од владата на Израел, од многу организации и институции, вклучувајќи универзитети, фондации и невладин сектор. Убеден сум дека со партнерите кои што ги имаме овде, кои што ги имаме таму и оние кои што ни се приклучуваат од светот ќе успееме да направиме една вистинска промена – овде во Битола. Многу сум среќен што денес со нас го имаме и првиот донатор кој што почнува со првата скромна финансиска донација наменета за садење на дрвцата во паркот за семејствата на жртвите на Холокаустот. Меѓутоа, нив – донаторите ќе ги имаме и летово кога и физички ќе дојдат да работат. Се работи за господинот Ханс Јоаким Шолц којшто е пастор на регионалната протентантска црква на Баден“,изјави Дан Оријан амбасадор на Израел во Македонија.

Денешниот ден секоја година го продлабочува сеќавањето на трагичното минато на еврејската заедница во Битола, но достоинствениот помен подразбира обврска за иднината. Општина Битола, токму во таа насока, настојува за момент да ги намали лузните, да придонесе кон оддавање на должната почит кон оние кои тоа навистина го заслужуваат.

„Традиционално овие денови се собираме да оддадеме должна почит на еден голем, историски, но трагичен настан кој што се случил пред повеќе децении, кон жртвите, невините семејства кои што настрадаа во Холокаустот. За Битола, податоците зборуваат дека се работи за околу 3.200 наши сограѓани коишто биле депортирани. Од тој ден се чувствува една голема празнина во градот. Се работи за жртви на една погубна политика, на еден период, којшто XX век го одбележа со многу трагедии. Она што се случуваше во тој период посебно се одрази на Балканот, се разбира и во Битола. Но, за да можеме за момент во некој мал процент да придонесеме за намалување на болката, бидејќи во меморијата на Битола ова никогаш нема да се избрише, ние, благодарение на амбасадорот кој што имаше прекрасна иницијатива, заедно со останатите чинители се одлучивме да поддржиме еден многу значаен – важен проект. Битола има големо културно историско наследство, лузни кои зборуваат за историјата на Битола, а една таква лузна се и еврејските гробишта во Битола. Благодарение на амбасадорот и поддршката од Владата на Република Македонија, Министерството за култура, Фондот на Холокаустот и сите останати кои се собравме ова да го направиме, цениме дека на некој начин барем ќе ја ублажиме болката и барем во еден дел ќе исполниме дел од празнината која што постои во Битола“, изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

Делегацијата, заедно со градоначалникот Талески и други гости положија свежо цвеќе на Споменикот на протераните Евреи и народниот херој Естреја Овадија Мара./крај/мф/аш

 

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и сопрете го Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе „јасна позиција“ за да го запре Владимир Путин и да...

Македонија12 часа

Град Скопје не е надлежно за фабриката во Трубарево, „Вардариште“ е на Гази Баба, кај си да писнеш за УСЈЕ, му порача Арсовска на Ѓорѓиевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи по последните случувања со пожарите во Трубарево, „Дрисла“ и „Вардариште“...

Македонија12 часа

Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето...

Топ12 часа

Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско...

Македонија13 часа

Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и...

Македонија15 часа

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката...

Македонија17 часа

Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош,...

Топ17 часа

Повреден 18-годишник, велосипедист во Чаир испукал кон него неколку куршуми и избегал

Ноќеска ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен 18-годишник повреден од огнено...

Македонија19 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, состојбата во „Дрисла“ е драстично подобрена

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површина е затрупана со песок и земја. Утрово покажуваше на неколку места...

Македонија19 часа

(Видео) Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден...

Македонија19 часа

За да нема чадење од „Вардариште“, треба да се најде пристоен дом за над 200 луѓе што живеат среде депонијата, а некои од нив потпалуваат, вели Тошковски

Во решавање на проблемот со депонијата „Вардариште“ треба да се вклучат сите институции, да им се најде соодветен дом на...

Македонија20 часа

(Видео) „Дуото Апасиев – Мециновиќ си пикнало во џебот милиони од партијата Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари“, вели Манасиевски

„Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари. Глумците Апасиев и...

Македонија20 часа

(Фото) Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала

Денеска, пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, кој ќе го...

Македонија21 час

(Видео) Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци“: секој ден без акција значи уште еден ден вдишување отрови

Граѓаните, утрово, од 7.30 часот, еден час ја блокираа крстосницата кај мостот „Близнаци“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба. „Овој...

Македонија21 час

(Видео) Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен...

Македонија22 часа

„Скопје се труе, Изет се крие: од потпретседател на Али Ахмети, заврши како портпарол на Мицкоски“, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за еколошката катастрофа што го погоди главниот град по избувнувањето на пожарот во...

Македонија23 часа

„Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност“, велат од СДСМ

„Македонија има неспособна власт која раскажува приказни додека горат депонии и фабрики, а граѓаните ја плаќаат цената со сопственото здравје....

Топ1 ден

Двајца претепале човек во Паркот на жената борец: починал во болница, Обвинителството бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија1 ден

Побаран притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево

Скопското Обвинителство поведе постапка против четири лица поради сомнение за загрозување на животната средина и природата со отпад, во врска...

Македонија2 дена

Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на...