Регион
Илјадници во Љубљана против мигрантите, премиерот обвинува за ксенофобија

Неколку илјади симпатизери на десната словенечка опозиција се собраа во саботата во центарот на главниот град Љубљана на собирот против владините политики кон мигрантите и бегалците, економската ситуација и односот кон младите.
Опозицискиот челник и поранешен премиер Јанез Јанша изјави дека европската политика на отворени врати кон бегалците од Блискиот и од Средниот исток е погрешна и дека станува збор за „лажна солидарност“ поради којашто Европа ќе стане нестабилна.
Доколку политиката којашто ја поддржува и владата на премиерот Миро Церар продолжи, тогаш за две години и Европа ќе изгледа како државите од кои бегалците доаѓаат, истакна Јанша.
Додаде дека најголемиот проблем на Словенија е иселувањето на големиот број млади луѓе кои во неа не гледаат перспектива. „Секоја година од Словенија се иселува една генерација млади, со што земјата плански се уништува, а истовремено мигрантската криза се користи да се зајакне изборната база на левицата“, додаде Јанша.
На собирот под мотото „Да ја одбраниме Словенија“ прочитана беше декларација за мигрантите во која се наведува дека е потребно да се биде солидарен, но дека солидарен треба да се биде и кон граѓаните кои не се согласуваат со владината политика, а не да бидат напаѓани.
Собирот на симпатизерите на десните партии на Плоштадот на република пред парламентот, го критикуваше словенечкиот премиер Миро Церар, обвинувајќи ги опозициските челници дека ја поттикнуваат ксенофобијата.
„Тие предизвикуваат страв, нетолеранција и негативизам. Ние сакаме да покажеме дека може да се прават и позитивни нешта, а поттикнуваме и солидарност меѓу генерацијата и соработка. Нетолеранцијата коа нема повод не смееме да ја поттикнуваме“, изјави премиерот Церар во текот на посетата на дом за пензионери во Јесенице./крај/мф/сн
Извор: STA/Delo
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучевиќ: Ѓилас го уништи Белград повеќе од германските окупатори

Премиерот на Србија во технички мандат и претседател на СНС, Милош Вучевиќ денеска изјави дека претседателот на Партијата на слободата и правдата, Драган Ѓилас го уништил и опустошил Белград повеќе од германските окупатори и дека веќе никој не верува во неговите „Потемкинови села“.
„Внимавајте што вели експертот за кражба на народни пари, човекот кој Белград го направи негова приватна сопственост и го уништи и го направи полош од германските окупатори“, рече Вучевиќ на мрежата Икс, реагирајќи на најавата на Ѓилас на социјалните мрежи за формирање на новата влада на Србија.
Вучевиќ изјавил дека цената на кражбата на Ѓилас ја платиле граѓаните на Србија со години, додека тој кон Белград имал долг од 1,2 милијарди евра, а в џеб ставил 619 милиони евра.
„Почитуван Ѓилас, одамна никој не верува во вашите „Потемкински села“, Белград и Србија не се лонец со злато од кој можете да извадите пари колку сакате“, истакна Вучевиќ.
Тој додаде дека никој не сака неговите алтернативи за нормален живот и сигурна иднина да бидат криминал, ароганција, грабеж, насилство, неморал, злоупотреба на службената положба, бидејќи, како што истакна, тоа се синоними за Ѓилас и неговата „банда крадци кои би се вратиле на власт без волјата на народот“.
Нема да се извлечете! Србија ќе победи!“, нагласи Вучевиќ, пренесува Танјуг.
Регион
Земјотрес во Црна Гора, почувствуван и во Хрватска: „Беше краток, но силен“

Црна Гора беше погодена од земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во 11 часот и 52 минути, јавува ЕМСЦ.
Епицентарот бил на 48 километри од Подгорица и 20 километри од Никшиќ.
Според корисниците на EMSC, земјотресот бил почувствуван и во Хрватска и Босна и Херцеговина.
„Кратко, но силно“, коментира жител од Дубровник.
„Многу кратко, но се почувствува“, вели друг жител од областа Дубровник.
Регион
Жена со нож упаднала во основно училиште во Бугарија: ја удрила наставничката во лице

Жена упаднала во основното училиште во Бугарија и нападнала наставничка, јавуваат бугарските медиуми.
Приведена е жена (37) чие дете учи во споменатото училиште. Наставничката се здобила со повреди на лицето.
Според локалните медиуми, осомничената жена влегла во училиштето, извадила нож, замавнала со него, ја навредувала, а потоа ја нападнала наставничката.
Инцидентот веднаш бил пријавен од вработените во училиштето. Полицијата брзо пристигнала на лице место, ја разоружала агресивната мајка и ја привела.
Поради инцидентот во училиштето поведена е истрага, а за се е известено и надлежното Обвинителство.
Се уште не е јасно како дошло до нападот, ниту зошто жената ја нападнала наставничката.
Истрагата за овој инцидент е во тек, според тамошните медиуми.