Спорт
Без победник на две денешни средби во Премиер лигата

Без победник, со резултат 1:1 завршија првите натпревари од денешната програма од 23-то коло во Премиер лигата на Англија. Дефанзивецот Џејмс Колинс и донесе голем бод на Астон Вила во дербито на Бирмингем. Колинс мрежата на градскиот ривал ја погоди со волеј удар од непосредна близина. Со овој бод Астон Вила побегна од опасната зона. Екипата на Бирмингем прва го отвори резултатот, мрежата на Фридел во 49-та минута ја погоди Роџер Џонсон. Со ист резултат заврши и соседското дерби помеѓу Сандерленд и Њукасл. На „Стадионот на светлината“ Њукасл имаше предност со голот на Кевин Нолан се до судиското надополнување на времето кога во 93-та минута репрезентативецот на Гана, Асамоа Гијан го постигна израмнувачкиот гол. На вчера одиграните натпревари во Премиер лигата се постигнати следниве резултати:Челзи-Блекбурн 2:0Мачестер Сити-Вулверхемптон 4:3Стоук-Болтон 2:0ВБА-Блекпул 3:2Виган-Фулам 1:1Вест Хем-Арсенал 0:3. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кошаркарите на Уникаха ја освоија Лигата на шампионите со победа на Галатасарај

Кошаркарите на Уникаха во финалето на ФИБА Лигата на шампиони ја победија турската Галатасарај со резултат 83:67 и стана шампион на ова натпреварување. Со оваа победа тие го одбранија трофејот ФИБА ЛШ кој го освоија минатата година победувајќи го Тенерифе во големото финале во белградската Арена. Сега Уникаха “му прочита лекција” на истанбулскиот Галатасарај во “Синан Ердем Домот” во нивниот град.
Тајсон Картер имаше 14 поени со 3 скока и 5 асистенции, Кендрик Пери додаде 13 со 4 скока и 3 асистенции, а 13 и 11 скокови имаше Тајсон Перес, додека Тајлер Калиноски имаше 11 поени и исто така беше двоцифрен.
На другата страна, имаше 14 поени на Тајрон Валас, а толку имаше и Вил Каминџ, додека 12 запиша Робертс Блумберг, а Џејмс Палмер 11 со по 4 скока и асистенции.
Спорт
Македонската ракометна репрезентација оди на Европско, вечерва ја победи Литванија

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ја победи Литванија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ и обезбеди пласман на 17. Европско првенство кое ќе се одржи следната година во Скандинавија.
Македонија ја победи Литванија со 26:17. Литванците поведоа на почетокот на натпреварот со 0:4, но во вториот дел Македонија доминираше и победи со девет гола разлика.
Европското првенство ќе се одржи во јануари следната година во Норвешка, Данска и Шведска. Жрепката за групната на Европското првеснтво ќе биде в четврток.
Спорт
Барса го нокаутира Реал, публиката виде спектакуларни седум гола на натпреварот

Фудбалерите на Барселона го победија Реал Мадрид четврти пат во тековната сезона. На натпреварот паднаа спектакуларни седум гола, а резултатот е 4:3.
Со оваа победа Ханси Флик се доближи со нова шампинска титула односно “триплет” по веќе освоените Суперкуп на Шпанија и Куп на кралот.
Во секој од натпреварите Барселона го победи Реал, а вкупно оваа сезона ги доби сите четири пресметки против “кралскиот клуб”.
Публиката го оцени тукушто завршениот натпревар како еден од најдобрите меѓу ривалите.
Почетокот најавуваше целосно спротивен исход, откако Реал по 14 минути водеше со високи 2:0, со два гола на Килијан Мбапе.
Во 3. минута беше досуден пенал над Французинот, кој сам го реализираше за водство на гостите. Веќе во 14. минута нов шок за Барса и целосна тишина на стадионот, кога Мбапе избега зад грбот на високо поставената одбрана на ривалот и лесно го совлада Шчењи.
Веќе во 19. минута Ерик Гарсија после корнерот од левата страна го намали водството на 1:2. Се чекаше изеднадување до 32. минута кога Ламин Јамал за три минути донесе пресврт со два маестрални гола. Посебно извонредна беше мајсторијата на Јамал, во негов стил, но и онаа на Рафња кој од својата позиција после пресингот доведе до 3:2.
Истиот играч во 45. минута изврши притисок на Лукас Васкес, му ја зњсњ топката, одигра дупли пас со Феран Торе, и ефектно ја смести топката во мрежата за 4:2. Нокаутот на Реал, не го спаси ни Мбапе кој во второто полувреме, во 70. минута ја намали разликата на 4:3.
Имаше поништени голови на двете страни, но и промашени зицери, пред сè на Реал во 89. и 90. минута.