Свет
„Рашел Кори“ одбива да плови кон Ашдод
Екипажот на ирскиот хуманитарен товарен брод кој беше пресретнат на околу десет милји од брегот на Газа од израелската воена морнарица се’ уште одбива да плови кон Ашдод како што бараат израелските власти, пренесе AFP
„Според нашите информации, немало насилство ниту пикање. Израелците не се качиле на бродот“, изјавил Амџад ал-Шава, портпарол на одборот за дочек на хуманитарната помош во Газа.Според израелското државно радио, најмалку три брода на израелската воена морнарица го следеле бродот уште од меѓународните води.Израел бара бродот да вплови во пристаништето Ашдод, од каде хуманитарната помош, освен онаа која израелските власти не ја дозволуваат за влез во Газа, би требал да биде однесена со камиони. Екипажот на бродот на кој има 15 луѓе одбил да плови кон Ашдод и продолжува да плови кон Газа, изјавил портпаролот на израелската армија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лавров: Центрите за одлучување во Киев може да бидат цел на руски удари
Центрите за одлучување во Киев може да бидат директно цел на руски напади, во зависност од заканите кои доаѓаат, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, додавајќи дека Москва никогаш не напаѓа цивилни цели.
„Ние избираме цели за уништување на територијата на Украина само врз основа на заканите за Руската Федерација. Тоа може да бидат воени објекти, претпријатија од одбранбената индустрија, центри за одлучување во Киев, но одговорот на цивилните цели не е наше правило. Тоа се методите на нацистите кои се населиле во Киев со поддршка на Западот и на оние кои ги снабдуваат со оружје за уништување на цивилната инфраструктура и цивилите“, изјави Лавров пред домашните и странските новинари, пренесува ТАСС.
Лавров го привлече вниманието на фактот дека Киев секојдневно напаѓа „очигледно цивилни цели“ со беспилотни летала и западни проектили.
Свет
НАТО повика на целосна истрага за причините за авионската несреќа
НАТО во Брисел повика на целосна истрага за причините за авионската несреќа во Казахстан.
„Нашите мисли и молитви се со семејствата и жртвите на летот Ј28243 на Азербејџан ерлајнс“, рече портпаролката на НАТО, Фарах Дахлалах.
На повредените во несреќата им посакуваме брзо закрепнување и повикуваме на целосна истрага“, додаде таа.
Our thoughts and prayers are with the families and victims of #AzerbaijanAirlines flight #J28243. We wish those injured in the crash a speedy recovery and call for a full investigation.
— NATO Spokesperson Farah Dakhlallah (@NATOpress) December 26, 2024
Свет
Пристигна реакција на Кремљ: Погрешно е да се изнесуваат хипотези
Набргу откако почнаа да се шират теориите дека авионот бил соборен од руска ракета, реагираше портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.
„Би било погрешно да се изнесуваат какви било хипотези пред заклучоците на истрагата. Ние, се разбира, нема да го сториме тоа и никој не треба да го прави тоа. Мора да почекаме истрагата да биде целосно завршена“, рече Песков.
Владини извори на Азербејџан денеска потврдија за Еуроњуз дека падот на авионот во кој загинаа 38 патници, од кои некои преживеаја, при слетување во близина на градот Актау во Казахстан бил предизвикан од руски проектил земја-воздух.
Истата информација ја пренесе и „Ројтерс“ повикувајќи се на четири извори.