Свет
Јапонија: Специјален тим за отворање на работни места за млади

Владата во Токио има намера да основа специјален тим чијашто задача ќе биде да создава работни места за млади луѓе, пред се за дипломците на јапонските универзитети, кои се потешко доаѓаат до вработување.
Владата во Токио има намера да основа специјален тим чијашто задача ќе биде да создава работни места за млади луѓе, пред се за дипломците на јапонските универзитети, кои се потешко доаѓаат до вработување. Предлогот е на јапонскиот премиер, Наото Кан.Како што пренесува СМедиа, тимот со кој ќе раководи еден од пратениците од партијата на Кан, би требало да осмисли краткорочни мерки за зголемување на вработеноста и среднорочни и долгорочни планови за отворање нови работни места за дипломците.За време на посетата на Кјото, премиерот исто така најавил дека уште следната недела ќе почне да се работи на новите мерки што треба да ја стимулираат јапонската економија.
Основна цел на планот е да се спречи забавувањето на економскиот раст. /крај/сме/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Калас: Русија не е навистина заинтересирана за воспоставување мир во Украина

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека не мисли оти Русија е навистина заинтересирана за воспоставување мир во Украина.
„Не мислам дека тие се заинтересирани за мир. Тие сè уште ја бомбардираат Украина. Ако беа заинтересирани за мир, можеа веднаш да престанат“, изјави Калас пред новинарите во Копенхаген, пренесува Ројтерс. Според неа, Русија очигледно игра игри, обидувајќи се да купи време.
Рускиот претседател Владимир Путин во неделата предложи директни мировни преговори меѓу Москва и Киев.
Помошникот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинскиот лидер ќе присуствува на разговорите за Украина оваа недела само ако таму биде и Путин, предизвикувајќи го Кремљ да покаже дека е искрен во намерата да постигне мир, пренесува Танјуг.
Свет
Хаос на аеродром во Белгија: дојава за бомба во авион

Летовите од вториот најголем аеродром во Белгија се прекинати поради дојава за бомба во авионот на „Рајанер“. Според последните информации, авионот полетал од Порто, пренесуваат медиумите во регионот.
Како што изјави компанијата што управува со аеродромот, малку пред 11 часот по локално време во авионот што слета на аеродромот „Шарлроа“ беше активирана закана за бомба, соопшти компанијата што управува со аеродромот.
„Околу авионот е воспоставен безбедносен периметар, што бара затворање на пистата и прекин на сите операции“, рекоа тие.
Патниците сè уште не се евакуирани, објави локалната РТЛ, без да прецизира дали станува збор за патниците во авионотили за патниците на аеродромот.
Свет
Орбан: Западната стратегија за уништување на Русија не успеа

Доколку Украина биде примена во Европската Унија, војната што се води таму исто така ќе биде прифатена, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан на конференцијата на претседателите на парламентите, што се одржа во Будимпешта на почетокот на оваа недела. Тој посочи дека неколку членки на ЕУ се за продолжување на поддршката на Украина за да може земјата да ги продолжи своите воени операции.
„Немаме исто мислење. Колку подолго трае војната, толку повеќе луѓе ќе умираат, а ситуацијата на бојното поле ќе биде полоша“, рече тој.
Во врска со предлогот на Европската комисија за воведување обврска за земјите членки да се откажат од руските енергетски испораки, Орбан рече дека тоа ќе ја уништи унгарската економија.
„Замислете само ако цената на енергијата одеднаш се удвои за домаќинствата и бизнисите. Унгарските семејства нема да може да се справат со тоа. Унгарците сакаат мир и би сакале што побргу да се ослободат од политиката на економски санкции“, рече Орбан додавајќи дека земјите членки нема да може да го поднесат економскиот товар што би го претставувало членството на Украина во ЕУ.
Според него, раното пристапување на земјите од Централна и Источна Европа ѝ користело на заедницата, но истакна дека ситуацијата со Украина е поинаква. Тоа би бил лош договор, што би резултирало со земјоделска криза, невработеност, задолженост и влошување на условите за живеење, смета тој.
Тој ја гледа Европа како богата и слаба, што, според него, е најопасната комбинација, поради што повика на зајакнување на заедницата.
„Европа може да биде зајакната од националните држави. Таа стана успешна токму благодарение на соработката меѓу националните држави, односно силните лидери на силните национални демократии. ЕУ им должи сè на националните парламенти и ако сака да биде успешна, мора повеќе да ги почитува парламентите, кои не се вештачки институции создадени со договори, туку вистински тела на национално претставување“, рече унгарскиот премиер.
Тој исто така посочи на заканите од Брисел за намалување на финансирањето на оние што ги штитат границите на националните држави. Ако тоа не успее, тие ќе ги соборат националните влади и ќе им помогнат на партиите кои се подготвени да се откажат од националниот суверенитет, рече Орбан.
„Светот се реорганизира, идеологијата на западниот свет се менува и ние Европејците мора да реагираме на тоа“, рече Орбан и ги замоли учесниците да се фокусираат на прашањата за националниот суверенитет и аспирациите на Украина за членство во ЕУ.