Свет
Политичката и бизнис елита имаат најубави куќи
Не постои антиглобациски тренд, како што не постои ни нова македонска куќа која ќе ги носи карактеристиките на ова време и на ова поднебје- нашето опкружување го креираат оние кои имаат пари да градат- бизнисмените и политичарите
МИШКО АРСОВ, АРХИТЕКТ
Не постои антиглобациски тренд, како што не постои ни нова македонска куќа која ќе ги носи карактеристиките на ова време и на ова поднебје- нашето опкружување го креираат оние кои имаат пари да градат- бизнисмените и политичарите, открива нашиот сого
Со Мишко Арсов, еден од водечките архитекти од помладата генерација, добитник на наградата за најдобар реализиран ентериер на БИМАС 2006 за проектот Ентернет, кој е и еден од омилените автори на македонската елита кога се работи за изградба на индивидуални станбени објекти и ентериери, разговаравме за вкусот на македонските тајкуни.
* Што кај нас моментно е во тренд кога се работи за изградба на објекти за домување?
-До пред десетина години, куќите се градеа во дух на таа постмодерна архитектура. Додуша, и денес има некои кои тоа го прават, но, во целина, трендот се промени- сега е актуелна модерната. Тоа можеше да се види и на последното Биенале. Освен некои постмодерни станбени згради што биле проектирани пред десетина години, а започнале да се градат пред 5,6 години, па сега беа прикажани како готови, реализирани објекти, речиси сите објекти беа модерни.
* Вистина ли е дека нашите инвеститори се повеќе склони кон кич во однос на оние на Запад?
– Јас одбивам да работам проект ако наидам на инвеститор кому не му е важно моето мислење, ниту е заинтересиран за било каков стручен совет, туку се сака да си направи по негово. Уште полошо е ако треба да работиш проект за човек што не знае што сака и во еден момент сака едно, а во друг нешто ново. Ние архитектите во принцип, најмногу ги сакаме инвеститорите кои ќе ни дадат одврзани раце слободно да креираме. Ако на пример, некој ми каже: "Направи го проектот како да го работиш за себе", тогаш може и да очекува дека ќе добие добар проект.
* Порано беше стандард едно четиричлено семејство да живее во стан од 80-тина квадрати, а елитата ја препознававме не по бројот на квадратите, туку по населбата во која живее…
-Точно. Сега се е променето. Освен Водно, кое отсекогаш било престижно место за градба, моментно омилени локации на таа, македонска елита се и Соње и Бардовци, како и делот над Жданец. За разлика од порано, кога сите живеевме во станови каде со 20 м2 по член од семејство, денес елитата претежно гради куќи кои најчесто се предимензионираат. Куќите скоро секогаш имаат базени, а се градат во различни стилови. Најчесто – со столбови, тремови, венци… Помладите се повеќе наклонети кон трендот на модерната и минимализмот, а постарите -кон класичните решенија, особено ако се работи на пример за реновирање на викенд куќи, па се инсистира на комбинации на камен и дрво, етно декорации и сл. Макар да, можам да кажам дека нема правила.
* А во ентериерите? Што најчесто се бара?
– Во ентериерите многу брзо се менуваат трендовите. Најчесто сите сакаат нешто ново, нешто што кај нас е невидено дотогаш. Особено ако се работи за продавници, деловни простории или кафулиња, каде сопствениците се трудат да привлечат луѓе и со ентериерот. Ентериерот не е само декорација, туку целосен, комплетен зафат. Конкретно, еве во случајот на Ентернет мораше да се срушат сите преградни sидови и потоа се направи потполно ново функционално и естетско решение на целиот простор. Во становите или куќите, во последно време најчесто се бараат минималистички ентериери. Тие се омилени и кај елитата, но и кај обичните граѓани со просечни примања.
* Режисерот Чедо Поповски, фудбалерот Дарко Панчев, балетанот Кире Павлов, адвокатот Самоил Филиповски… се само дел од листата на вашите клиенти. Се чини дека најмалку сте работеле за луѓето од естрадата?
– За разлика од Запад, па и од естрадните sвезди во нашето соседство, нашата естрада главно нема пари да гради. Со ретки исклучоци како што се Тоше Проески, Силви и Влатко од Силви бенд, или Маја и Дарко Панчеви, сите останати живеат во просечни или подпросечни станови. Најубавите куќи и станови се градат за политичката и бизнис елитата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

