Македонија
Започнува Саемот за здравје и убавина

Од 7 до 10 мај, во Метрополис Арената на Скопски саем, ќе се одвива 27. Меѓународен саем на медицинска, дентална и фармацевтска опрема и лекови и 4. Саем на козметика и убавина
На годинешнава саемска манифестација ќе бидат опфатени сите аспекти од областа на здравството и индустријата посветени на убавината, од здравствена заштита, медицински апарати, опрема и нови лекови, како и сето тоа што е актуелно во козметичката индустрија. Во деновите на саемот ќе се случуваат многу активности, презентации, предавања и трибини. Првиот ден на Саемот е посветен на презентации од областа на медицината, а следниот ден е Отворен ден на Министерството за здравство на Република Македонија. Целиот тајминг ќе биде искористен за презентација на најновите методи на лекување на различни болести, како и презентација на новите достигнувања од областа на медицината. На 8 мај во петок, како и наредните два дена, ќе се одвива презентацијата на козметика – изложување на нови производи од областа на козметиката и третманите за достигнување здраво тело и убавина, како и достигнувања во областа на стајлингот на косата – нови трендови во фризурите, а ќе гостува и познатиот Александар Каприш и Рајка Радовиќ со презентација на свечени фризури. На деновите на саемот ќе се одвива и презентација на фарби за коса, лифтинзи на лице, третмани за слабеење и сето тоа што спаѓа во оваа област.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)