Спорт
Победа на Арсенал, за Ливепрул само бод
Арсенал се’ уште е зад петиците на Манчестер јунајтед одржувајќи го чекорот со лидерот по победата над Вулверхемптон
На „Емиратите“, во саботата попладне „топчиите“ одиграа колку што е доволно да се совлада последниот Вулврехемптон, со 2:0. со головите на Робин ван Перси во 16. и 56. минути. Првиот погодок Холанѓанецот го постигна со полуволеј во пад, а вториот беше постигнат од контранапад со удар од 16 метри. Ова се негов девети и десетти првенствен гол сезонава, а интересно е тоа што ван Перси до 21-то коло немаше постигнато погодок Арсенал останува на втората позиција со четири бодови помалку од Манчестер јунајтед, но по поразот во градското дерби на третиот Манчестер сити, ја зголеми разликата на осум бодови од него. Вулверхемптон останува закован за дното на табелата од Премиер лигата со 24 бодови.По серијата четири победи во низа без примен погодок, Ливерпул разочарувачки одигра само 1:1 против Виган пред своите гледачи. Иако домашните поведоа во 24. минута со голот на португалскиот фудбалер Раул Меирелес што е негов петти гол во последните пет кола откако настапува за „редсите“, гостите изедначија преку Гоури во 65. минута.Ливерпул остана на 6-та позиција со 37. бодови, додека Виган има 27 и се’ уште е на 18-то место кое води во понизок ранг на натпреварување. Во саботата во Англија најинтересен беше мечот меѓу Вест бромвич албион и Вест хем кој заврши со поделба на бодовите со резутат 3:3. ВБА на полувремето имаше предност од 3:0, што во второто беше анулирано од гостите. Грахам Доранс во 3. и Џером Томас во 8. минута го постигнаа раното водство од 2:0 за домашните, а Винстон Реид во 32. со автогол го зголеми водството на ВБА. Но Вест хем преку Демба Ба во 50. и 83, минута и Карлтон Кол во 58. минута успеа да изедначи и да спаси бод. ВБА изгуби драгоцени бодови во трката за опстанок и остана со 27 бодови на 17-то место, исто како и Вест хем кој има 25 бодови и е на претпоследното 19-то место на табелата. Бирмингем со голот на Никола Жигиќ во третата минута од судиското дополнување успеа да ги освои сите три бода против Сток сити. Бирмингем моментално ја поправи положбата на табелата и сега е 14-ти со 30 бодови, а Сток е 9-ти со 33 бодови. Блекбурн роверс одигра дома без голови со Њукасл, така што и двете екипи имаа 32 бодови се на 11. односно 10-то место.Блекпул со голот на Елиот Грандин во 14. минута го изедначи резултатот на 1:1 против Астон вила за која во 10. минута гол постигна Габрел Агбонлахор. Тоа беше и конечниот резултата со кој Блекпул со 29 бодови останува на 16-то место, со еден бод помалку и едно место подоле од Астон вила.Тотенхем на гости го совлада Сандерленд со 2:1. Домашните поведоа во 11. минута преку Гиан, а гостите прво изедначија во 44. минута преку Даусон, а победата им ја донесе хрватскиот репрезентативец Нико Крањчар со силен удар од 18 метри во 57. минута. Тотенхем е на 4-то место со 47 бодови, два помалку од третиот Манчестер сити кој има и меч повеќе. Сандерленд, пак, остана со 37 бодови на седмото место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мбапе и Камавинга го напуштија кампот на репрезентацијата
Француските фудбалери обезбедија пласман на Светското првенство едно коло пред крајот на квалификациите, откако остварија убедлив триумф од 4:0 над Украина.
Килијан Мбапе беше еден од најзаслужните за пласманот на „триколорите“ на Светското првенство, но во меѓувреме се здоби со лесна повреда.
Станува збор за воспаление на зглобот, а со оглед на тоа што визата за САД, Канада и Мексико е веќе обезбедена, нема потреба најдобриот играч на Франција да се изложува на ризик во натпреварот од последното коло од Групата Д со Азербејџан (недела, 18.00 часот).
26-годишникот веќе се врати во Мадрид, каде што ќе се одмори и ќе ја санира повредата пред да ги продолжи клупските обврски.
Заедно со Мбапе, во Мадрид се врати и Едуардо Камавинга, неговиот соиграч од Реал.
„Камавинга претрпе истегнување на тетивата на левата нога. Мбапе сè уште страда од воспаление на десниот глужд, што бара дополнителни тестови. Тие ќе бидат подложени на нови тестови денес во Мадрид“, се вели во соопштението на Француската фудбалска федерација.
Спорт
Пјастри: Односот со Норис никогаш не бил подобар
Ландо Норис и Оскар Пјастри водат голема борба за титулата во шампионатот во Формула 1.
Двајцата се возачи на Мекларен и тоа ја прави борбата уште поинтересна. Моментално, Норис има предност од 24 поени, а до крајот на шампионатот остануваат уште три трки.
Многумина мислат дека постои големо соперништво меѓу Норис и Пјастри надвор од патеката. Сепак, младиот Австралијанец го негираше тоа.
„Ландо и јас одлично се согласуваме. Мислам дека нашиот однос никогаш не бил подобар. Причината е едноставна. Три години сме клупски колеги и секој ден се запознаваме сè подобро и подобро“, рече Пјастри.
Следната трка во шампионатот е на 22 ноември, во Лас Вегас.
Спорт
Гатузо им се налути на навивачите
Селекторот на италијанската репрезентација, Џенаро Гатузо, остро одговори на критиките, бидејќи неговиот тим го скрши отпорот на Молдавија (0:2) во квалификациите за Светското првенство во финиошт с голови во 88-та и 93-та минута.
Додека резултатот сè уште беше 0:0 кон крајот на натпреварот, мала група италијански навивачи почна да протестира, скандирајќи им на играчите „да одат на работа“. Гатузо не се согласи со нивните критики, нагласувајќи дека тимот играл добро.
„Протестите на навивачите се срамота, жал ми е за она што го слушнав. Ова не е време да им кажуваме на играчите да одат на работа. Мора да останеме обединети бидејќи тимот се мачи на теренот, а да слушам 500 навивачи кои зборуваат секакви работи е нешто што не го прифаќам“, рече Гатузо.
Италија сè уште може, во теорија, да се квалификува за Светското првенство како победник во Група И. Тие се три бода зад Норвешка, нивниот следен и последен противник во групата, но ќе им треба многу убедлива победа (со разлика од девет гола) за да ја поништат гол-разликата. Затоа, „аѕурите“ ќе ја бараат својата шанса преку баражот.
Италијанската репрезентација последен пат учствуваше на Светското првенство во 2014 година. Ги пропушти турнирите во 2018 и 2022 година по тешките порази во плејофот од Шведска и Македонија.

