Македонија
Џафери – Членовите на ДУИ ја осудија изјавата на Алити
Изјавата на пратеникот на ДУИ Рафиз Алити е лична и таа беше осудена од членовите на партијата, изјави министерот за локална самоуправа Муса Џафери, според кого изјавата на Алити не е директен повод за вчерашната средба меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Изјавата на пратеникот на ДУИ Рафиз Алити е лична и таа беше осудена од членовите на партијата. Ова денеска го изјави министерот за локална самоуправа Муса Џафери, според кого изјавата на Алити не е директен повод за вчерашната средба меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.Алити во понеделникот изјави дека „Албанците ќе се интегрираат во ЕУ и НАТО со или без Македонците“.„На вчерашната средба Груевски и Ахмети се консултираа околу многу прашања, сите ние сме свесни дека мора да има компромис меѓу Македонија и Грција за името, а дотогаш не треба да се шпекулира“, изјави Џафери. Тој не одговори конкретно на новинарско прашање дали во партија ќе има некакви санкции за изјавата на Алити, која ја оцени единствено како личен став./крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претпладне услови за магла, преку денот сончево со умерена локална облачност
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Македонија
Несреќа на магистралниот пат кај село Дабиле, Струмица: сообраќајот во прекин
Од 02:15 часот сообраќајот на магистрален пат А4 кај село Дабиле Струмица е во прекин поради случена сообраќајна незгода, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Коцевски: Ако градоначалникот Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби во јавните претпријатија нека пријави
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, е надлежен тоа да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителство.
„Во однос на изјавите на градоначалникот, ќе кажам дека тој како градоначалник, доколку има докази и е надлежен, тоа може да го пријави на надлежните органи – МВР, и да ги достави тие документи евентуално во Јавното обвинителство. И досега Обвинителството така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму. Ако има злоупотреби, стоиме на располагање“, изјави Коцевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски претходно на социјалните мрежи објави дека во скопските јавни претпријатија се отпуштени 500 лица кои со месеци или години не доаѓале на работа, и дека нема да има толеранција за такви случаи.
Дополнително во телевизиско гостување, Ѓорѓиевски објасни дека до него пристигнале документи кои укажуваат на можни незаконитости во работењето на повеќе претпријатија.

