Свет
Хамас го предупреди Израел за новите операции во појасот Газа
Хамас планира да го продолжи прекинот на огнот со Израел, но ако израелската армија ги продолжи операциите во Газа, подготвен е да започне борбата, рече Абу Обејд, претставник на милитантите во палестинската енклава
„Бригадите на Изедин ал-Касам, военото крило на Хамас, ќе продолжат да го набљудуваат прекинот на огнот со Израел во појасот Газа, но се подготвени да ги обноват воените дејствија на нејзината територија“, изјави Абу Обејд.Вооружените судир меѓу исламистите на Хамас и израелската армија привремено се прекинати по воената операција во појасот Газа „Лиено олово“ од зимата 2008/2009 г., во која загинаа повеќе од 1.400 илјади Палестинци и 13 Израелци.Меѓутоа, тензиите во палестинските енклави и околните области во последниве неколку седмици видливо расте. Како што објавија локалните медиуми, исламистичкото движење Хамас коешто го контролира појасот Газа, не е во можност да ги контролира радикалните вооружени групикои продолжуваат со ракетирањето на граничната израелска територија.Од друга страна, израелските воздухопловни сили речиси секојдневно врши напади врз позициите на милитантите, вклучувајќи ги и оние на Хамас, како одговор на ракетните напади.„Во оваа фаза постои затишје, а ние ќе продолжиме да се придржуваме до него. Како и да е, сето тоа може да заврши ако ционистите решат да започнат нова агресија против појасот Газа. Ние се подготвуваме за тоа“, додал Обејд.Неодамна еден од лидерите на исламистите во појасот Газа, Махмуд Захар изјави дека неговата организација ќе се придржуваат кон примирјето со Израел, но доколку тој не го прекршува.Во саботата рано наутро израелските воздухопловни сили во ја нападнаа командната на Хамас во централниот дел на појасот Газа, соопшти официјланиот палестински медицински претставник Абу Адхам Селмија. Според него, воздушните напади биле црта и двата тунели на границата со Египет енклава коишто ги користат шверцерите. Притоа две лица биле повредени.Воздушен напад следеше откако две ракети истрелани од територијата на појасот Газа експлодираа во југо-западниот град Негев, при што не предизвикаа жртви или поголеми штети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) „Не знаеме дали има луѓе под урнатините“: голем пожар по експлозија во зграда во Холандија, има повредени
Неколку лица се повредени откако голема експлозија предизвика пожар во зграда во центарот на Утрехт, еден од најголемите градови во Холандија.
„Неколку згради се урнаа по експлозијата. Четири лица се повредени и се однесени во болница на лекување“, објавија локалните власти на нивната веб-страница.
„Не сме сигурни дали сè уште има луѓе заробени под урнатините. Полицијата работи напорно на истрагата“, рече градоначалничката Шерон Дијксма.
NOW: Explosion in Utrecht, Netherlands, caused widespread destruction. pic.twitter.com/w9OvurJKmo
— OSINT Spectator (@osint1117) January 15, 2026
Локалните власти соопштија дека имало голема штета во овој густо населен дел од градот, додавајќи дека причината за експлозијата сè уште е непозната.
Жителите кои морале да ги напуштат своите домови од безбедносни причини биле сместени во хотел во близина.
Фото: ЕПА
Регион
(Видео) Рама се пошегува за Црна Гора: „Подгорица може да стане новиот Брисел“
Албанскиот премиер Еди Рама учествуваше на панелот на Самитот „Недела на одржлив развој“ во Абу Даби, каде што, во својот препознатлив хумористичен и ироничен стил, даде низа коментари што го привлекоа вниманието на јавноста, анализираат медиумите во регионот.
Зборувајќи за амбицијата на Албанија да обезбеди енергетски суверенитет до 2028 година, Рама во еден момент му се обрати на модераторот на панелот, алудирајќи на Грција и нејзиниот однос со културното и филозофското наследство. Тој на шега рече дека „Грците често ги потценуваат другите нации, сметајќи дека имаат монопол врз филозофијата и дека се единствените наследници на Платон и Аристотел“, нагласувајќи дека, според него, тоа не е вистина.
Sarcasm of P.M Edi Rama has no end!!!
“Montenegro is the greatest and biggest country in the region. They gave 50 million citizens. We are small, but Montenegro is the one." pic.twitter.com/89zifCh2ih— Sami Flamuri🇦🇺🇦🇱 (@SamiFlamuri) January 15, 2026
Потоа, Рама се осврна и на Црна Гора. Тој истакна дека не сака да „го губи времето на Црна Гора“, но со иронични пофалби рече дека таа е „најголемата земја во регионот“ со „50 милиони жители“, додека Албанија, додаде тој, е мала земја.
Во овој дух, Рама рече дека, доколку Европската Унија остане далеку и не успее во процесот на проширување, „новиот Брисел“ може да стане Подгорица. Според него, во тој случај, Подгорица би била главен град за 500 милиони луѓе, а Црна Гора би била во самиот центар на Европа.
Албанскиот премиер користел сличен тон и претходно, за време на јавни настапи и меѓународни собири, кога зборувал за Црна Гора и регионот. Неговите коментари често се проткаени со хумор, сатирични споредби и политичка порака, особено кога зборува за застојот во европската интеграција на Западен Балкан, според написите.
Како што претходно истакнаа учесниците на ваквите состаноци, изјавите на Рама не треба да се сфаќаат буквално, туку како дел од неговиот препознатлив начин на комуникација, со кој тој го привлекува вниманието кон сериозни политички теми и проблеми во регионот преку шеги и метафори.
Свет
Фон дер Лајен ветува нова безбедносна стратегија на ЕУ во врска со Гренланд
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вети нова безбедносна стратегија за Европа, откако САД се заканија дека ќе го анектираат Гренланд.
Функционерката на ЕК, која дојде во посета на Кипар, ги опиша САД како партнер кога новинарите ја прашаа за ситуацијата во Гренланд, објави Гардијан.
Во исто време, Фон дер Лајен истакна дека ЕУ ја удвојува својата економска поддршка за Гренланд.
„Јасно е дека Гренланд може да смета на нас политички, економски и финансиски.
А кога станува збор за неговата безбедност, дискусиите за безбедноста на Арктикот се првенствено клучно прашање за НАТО“, рече шефицата на европската дипломатија.
Според неа, Арктикот и безбедноста на таа област се клучни теми за ЕУ.
Фон дер Лајен не сакаше да даде детали за тоа што би можела да вклучува европската безбедносна стратегија, неколку дена откако комесарот за одбрана на ЕУ, Андријус Кубилијус, ја презентираше идејата за формирање заедничка, европска армија.
„Почнуваме да работиме на нова европска безбедносна стратегија и на почетокот на работата не е мудро да се ограничуваат или прошируваат различни теми“, рече таа.
За време на неговиот прв мандат, американскиот претседател Доналд Трамп му кажа на својот висок помошник Џон Болтон во 2018 година дека еден истакнат бизнисмен штотуку предложил САД да го купат Гренланд, потсети Гардијан.
Болтон дознал дека бизнисменот е Роналд Лаудер, наследник на глобалниот козметички бренд Есте Лаудер, кој го познава Трамп, исто така богат њујорчанец, повеќе од 60 години. Повторното разгорување на идејата на Лаудер од страна на Трамп за време на неговиот втор мандат е типично за начинот на кој работи претседателот, рече Болтон.
„Тој ги прифаќа информациите што ги слуша од пријателите како вистина и не можете да го поместите неговото мислење“, рече функционерот, пренесува Танјуг. Сега се чини дека овој предлог ги поттикна империјалистичките амбиции на Трамп, бидејќи, осум години подоцна, тој размислува не само за купување на Гренланд, туку и за евентуално освојување со сила, објави британскиот весник.

