Свет
Од "Даре Џамбаз" исчезнале 18 милиони денари?
“Полио плус” бара ревизија на работата на Заедницата на инвалидски организации
“Полио плус” бара ревизија на работата на Заедницата на инвалидски организации
препукувања Заедницата на инвалидски организации и “Полио плус” се препукуваат меѓу себе околу тоа кој работи за доброто на хендикепираните
Жаклина ЃорЃевиЌ
Невладината организација “Полио плус” ќе побара ревизија на финансиското работење на Домот на хуманитарни организации “Даре Џамбаз” за да се утврди каде исчезнале 18 милиони денари од нивниот буџет. Оваа организација ќе побара целосен увид за тоа каде се троши сумата од 1,2 милион евра, колку што добиваат годишно од државата. Ова е најновиот скандал во меѓусебните препукувања на “Полио плус” и Заедницата на инвалидските организации на Македонија, чии несогласувања ескалираа по промовирањето на Законот за заштита на правата и достоинството на лицата со хендикеп. За законот, кој го промовираше “Полио плус”, веднаш реагираше Заедницата со оцена дека на државава не Ј треба нов закон, туку имплементирање на старите, постојни законски решенија. Тие ги обвинија вработените во “Полио плус” дека дејствуваат самостојно и дека сами сакаат да го истуркаат законот, за кој не била побарана согласност од нив.
За несогласувањата на овие невладини организации се заинтересирал и Европскиот форум за лицата со хендикеп, кој упатил порака до организациите да се обединат ако сакаат да имаат поинаков третман во земјите од ЕУ и пристап до нивните фондови.
“Лесно е да добиваат милион евра и да изгледаат дека се хуманитарни организации кога не организираат проекти какви што организираме ние”, вели Душко Христов, извршен директор од “Полио плус”. Христов вели дека Заедницата на инвалидските организации е статична организација која не е подготвена за промени, бидејќи не сакала да разговара со нив за предложениот закон. “Организиравме неколку трибини за законот, а тие беа незаинтересирани за донесување на законот. Им предложивме да се формира и Национален сојуз на лицата со хендикеп, но не беа заинтересирани ниту за тоа”, појасни Христов, додавајќи дека поради својата незаинтересираност за проекти, инвалидските организации не искористиле 150.000 евра што им ги понудил Данскиот совет за бегалци. Тој е зачуден зошто Министерството за труд и социјална политика го дало своето мислење за законот на Заедницата на инвалидски организации, а не на предлагачот “Полио плус”.
Во заедницата го тврдат спротивното. Тие велат дека “Полио плус” досега не ги поканиле да се изјаснат за предложениот законски текст, за кој постоела идеја уште пред четири години. “Зошто го предлагаат законот токму сега кога веќе ја немаат поддршката од истите донатори од порано, меѓу кои и госпоѓата Дикинсон?”, прашуваат од Заедницата.
Инвалидските организации сметаат дека на хендикепираните не им треба посебен системски закон, бидејќи тој нема да ги реши нивните проблеми зашто само ќе повлече низа законски измени, што би значело дополнително комплицирање на состојбите. Наместо таков закон, тие сметаат дека е подобро да се донесе закон за инвалидски организации со кој ќе се регулираат нивните надлежности. “Заедницата на инвалидските организации, во која членуваат околу 90.000 члена, не ја поддржува иницијативата која, всушност, е проект на некои новоформирани здруженија, а во своето дејствување и понатаму ќе се концентрира на предлози за практично решавање на проблемите на инвалидите”, се вели во соопштението на Заедницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

