Македонија
?????? ?? ????? ???????? ?????????????
Министерот за финансии Зоран Ставревски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, денеска потпишаа Меморандум за соработка за финансирање на проектот „Подземна сообраќајница во градот Скопје“, од булеварот „Партизански одреди“ до Комплексот банки вреден 30 милиони евра.
Министерот за финансии Зоран Ставревски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, денеска потпишаа Меморандум за соработка за финансирање на проектот „Подземна сообраќајница во градот Скопје“, од булеварот „Партизански одреди“ до Комплексот банки вреден 30 милиони евра. Владата во проектот ќе учествува со 20 милиони евра, а градот Скопје со 10 милиони евра.Подземната сообраќајница ќе се движи од мостот „Гоце Делчев“ покрај кејот на Вардар и ќе излегува кај Комплексот банки во должина од еден километар и 700 метри. Ќе има две ленти во две насоки.Студијата за сообраќајницата предвидува и кружен тек кај мостот „Гоце Делчев“ и исклучување пред сообраќајницата кај Комплексот банки и ќе биде минимално длабока.Подземната сообраќајницата треба да задоволува брзина од 50 километри на час, а според студијата се очекува 50 проценти на растоварување во шпицот на сообраќајот на четири сообраќајници во центарот на градот.Изградбата треба да започне следната година и да биде завршена за 24 месеци.Градот во меѓувреме ќе треба да изработи инфраструктурен проект, проект за сообраќајницата и да изнајде изведувач.Вицепремиерот Владимир Пешевски истакна дека Владата беше вклучена во изнаоѓање на техничко решение за проектот и од десет решенија избрано е најдоброто, според критериумите безбедност, решавање на проблемот за развој на сообраќајот, критериум за можност на проширување на решението, финансискиот и еколошкиот критериум.Според министерот за финансии Зоран Ставревски сообраќајницата ќе реши децениско прашање на растоварување на сообраќајниот метеж во центарот на градот„Владата и понатаму ќе остане посветена на реализацијата на крупни стратешки инфраструктурни проекти значајни и на краток рок во делот на поттикнување на градежништвото и на индустријата, но и на долг рок за решавање на одредени прашања во однос на инфраструктурата, без разлика дали се работи за инфраструктура во градско или надвор од градско подрачје, за подобрување на протокот на стоки и луѓе“ – рече Ставревски.Владата ќе го финансира проектот со средства од буџетот или со позајмица од меѓународни институции или домашни банки, додека градот ќе учествува во делот на финансирањето со обврзници и со помал дел средства од буџетот.„Еден од најголемите проблеми во градот е токму сообраќајот и тргнувајќи од тоа, Градот распиша тендер и избра консултант за изработка на студија за решавање на сообраќајот за две клучни сообраќајници. Едната е која ќе ги поврзува од Партизанска до Комплексот банки и од „Климент Охридски“ до пластичарската улица“ -рече градоначалникот Коце Трајановски. крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Груби доби отказ од тетовскиот универзитет кадешто предаваше новинарство
Поранешниот вицепремиер, Артан Груби доби отказ од тетовскиот универзитет поради тоа што не се појавил на работа.
Груби на универзитетот беше вработен како асистент по новинарство.
Функционерот од редовите на ДУИ се бара со меѓународна потерница поради сомнеж за криминал во „Државна лотарија“, а се наоѓа и на црната листа на САД поради вклученост во корупција. Тој не е достапен за органите на прогонот.
Македонија
Чулев обвинува за сериозни злоупотреби од претходната власт во разузнавачкиот систем, го повика Обвинителството да отвори истраги
Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, обвини за сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем, за време на претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ.
Тој во текст објавен на социјалните мрежи пишува дека безбедносно – разузнавачките институции не се реформирани, а во нивните рамки се направени сериозни злоупотреби кои мора да бидат предмет на истрага од страна на Јавното обвинителство. Овие злоупотреби, според Чулев, се потврда за користење на институциите за следење и негативно етикетирање на личности, како и за обиди за спречување на промена на власта.
„Во контекст на наводите објавени од премиерот Христијан Мицкоски за фабрикувани конструкции за пара-полициски вооружени формации, јавно го повикувам Обвинителството да истражи зошто ваквите информации не беа доставени до МВР, иако тоа експлицитно го побаравме во неколку наврати. Имено, по преземањето на функцијата технички министер, побарав писмено, но и во рамки на работен состанок, од надлежните институции да достават информации за потенцијални безбедносни ризици во пресрет на одржување на изборите. Вакви информации, до мене, МВР, но и до владата и Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во тој период воопшто не беа доставени“, вели Чулев.
Ексминистерот натаму прашува доколку институциите располагале со такви информации за сериозни безбедносни закани, зошто истите не биле доставени до надлежните институции во исклучително сензитивниот предизборен период и покрај тоа што истото во неколку наврати било побарано од негова страна. Додава дека неопходно е јавното обвинителство да отпочне активности за решавање на овие отворени прашања и утврдување на сите инволвирани лица и незаконски дејствија.
Скопје
Без вода попладнево неколку улици во Скопје
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради уличен водоводен дефект од Ф 80 мм на улицата Роза Луксембург бр. 8, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улици: Роза Луксембург, Христо Смирненски, улицата 9 Мај, улицата Костурски херои, Борка Талевски, Васил Стефановски, Петар Попарсов и улицата Диме Аницин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 16 часот до санирање на дефектот.