Спорт
Меси мечтае да игра во Барса со Руни

Напаѓачот на каталонскиот фудбалски гигант кој ја предводи аргентинската репрезентација на муднијалот во Јужна Африка изјавил дека мечтае да игра во иста екипа со напаѓачот на Манчестер јунајтед, пишува Daily Star
„Би било многу добро да се игра заедно со Руни, доколку Манчестер јунајтед некогаш одлучи да го продаде Вејн. Во тој случај јас би отишол лично кај претседателот на Барселона и би побарал да го купи Вејн Руни“, изјавил еден од најдобрите играчи н апланетава Лионел Меси. Според Аргентинецот, Руни се издвојува од другите лидери во европските и светските екипи.„На светот постојат неколку играчи кои можат да влезат во историјата на фудбалот. Тоа се Кристијано Роналдо, Руни, Чави и уште еден или двајца. Но, ниту еден од овие играчи немаат таква желба за игра како Руни. Мислам дека тој би играл фудбал и за сто евра неделно. Во неговите очи се гледа жар, тоа го прави најдобриот од најдобрите“, додал Меси.Напаѓачот на Барселона смета дека Руни има шанса да стане најскапиот играч во историјата. „Ако Манчестер јунајтед одлучи да го продаде Руни, тој ќе стане првиот играч за кого ќе бидат платени повеќе од 100 милиони евра. Со сите должната почит кон Роналдо, Руни сега има поголемо значење за Јунајтед отколку што имаше своевремено Кристиано. Тој не е само талентирани фудбалер, тој е срцето на Манчестер јунајтед.“, ја заврпува Аргентинецот својата ода за Вејн Руни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“