Спорт
Победа на Лоренцо за крај на сезоната
Шпанецот Хорхе Лоренцо триумфално ја заврши сезоната, во која ја освои својата прва шампионска титула во кралската класа, во Мото Гран при шампионатот.
Возачот на Јамаха победи на последната трка која на патеката „Рикардо Тормо“ се возеше за Големата Награда на Валенсија. До својата деветта победа оваа сезона, Лоренцо дојде со време од 46:46.622 минути.
Покрај Хорхе Лоренцо, место на пиедесталот обезбедија, Кејси Стонер во својата последна трка за Дукати и Валентино Роси. Легендарниот италијански мотоциклист во Валенсија ја возеше својата последна трка за Фиат Јамаха, од следната сезона Роси ќе вози во Дукати. Валентино Роси во Јамаха мина седум години, со екипата освои четири шампионски титули, а интересно забележа 46 победи (тој број Роси го има на својот мотоцикл).
Победата на Лоренцо во Валенсија беше прва за Јамаха по 2004 година. Шпанецот сезоната во кралската класа ја заврши со вкупно 383 освоени поени. Конечен пласман на возачите:
Хорхе Лоренцо 383Дани Педроса 245Валентино Роси 233Кејси Стонер 225Андреа Девициозо 206Конечен пласман на тимовите:
Фиат Јамаха 617Репсол Хонда 451Марлборо Дукати 388Конечен пласман на конструктори:
Јамаха 404Хонда 342Дукати 286крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дониел Мален во Рома
Холандскиот напаѓач Дониел Мален беше претставен во Рома како позајмен играч од Астон Вила до крајот на оваа сезона. Клубот од главниот град на Италија му плати два милиони евра на поранешниот европски шампион за ангажманот на холандскиот репрезентативец.
Сепак, клубот од Бирмингем може да очекува 25 милиони евра од Рома, што е многу поголема „втора рата“, бидејќи е потпишан договор со задолжителна откупна клаузула, доколку Рома избори пласман во Лигата на шампионите или Лига Европа.
Бидејќи тимот на тренерот Џан Пјеро Гасперини е на петтото место (води во ЛЕ) со пет бода пред Комо по 20-то од 38 кола, речиси е сигурно дека клаузулата за откуп ќе биде активирана по завршувањето на сезоната.
Мален, професионално деби го имаше во ПСВ, каде што постигна 40 гола на 81 натпревар во сите натпреварувања. Остана во Ајндховен од 2018 до 2021 година и се пресели во Дортмунд. Тој помина четири сезони во дресот на Борусија, постигнувајќи 30 гола на 94 натпревари во жолтиот дрес. Последната сезона ја помина во Вила, каде што постигна седум гола (три од нив во Лигата на Европа) на 35 натпревари.
Репрезентативецот на Холандија симболично избра да го носи бројот 14 на грбот, во својот нов клуб, како јасна алузија на легендарниот Јохан Кројф.
✍️ Donyell Malen è un nuovo calciatore giallorosso! 🐺
📄 https://t.co/pSKnxvPbTr#ASRoma pic.twitter.com/CnlBCCta8M
— AS Roma (@OfficialASRoma) January 16, 2026
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул
Ред Бул го претстави автомобилот за претстојната сезона на спектакуларен начин.
Во Детроит, на Централната станица во Мичиген, чешкиот пилот Мартин Шонка, кој направи кариера во акробатски летови, маневри со кобра во екстремно ладни временски услови и со брзина од 200 километри на час, го претстави новиот автомобил на Ред Бул.
„TB22“ е еден вид почит кон автомобилот од 2005 година, кога Ред Бул се врати во шампионатот во Формула 1.
2026 livery, cleared for takeoff ✈️#F1 || #GivesYouWiiings pic.twitter.com/PKRVe9SZOi
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) January 16, 2026
Спектакуларното откривање на автомобилот е вовед во сезона која ќе биде историска за Ред Бул, тимот ќе ги прави и автомобилот и погонската единица во соработка со „Форд“.
A fresh coat of paint for a brand-new era 🎨@FordRacing || #RedBullRacing pic.twitter.com/C4obLVXHI4
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) January 16, 2026
Ред Бул смисли спектакуларен начин да му го покаже на светот автомобилот во кој Макс Ферстапен ќе се обиде да ја врати шампионската титула.
Новата сезона во Формула 1 започнува во Австралија на 8 март.
Спорт
Ловрен: Поразот во финалето на СП 2018? Политичка одлука
Фудбалерот на ПАОК, поранешен репрезентативец на Хрватска, Дејан Ловрен, како гостин во емисијата „Другата страна на медалот“, одговарајќи на бројни прашања, мораше да се потсети на финалето на Светското првенство што го играше со Хрватска против Франција во 2018 година.
За потсетување, Хрватска, во Москва, го загуби тоа финале со 2:4. Светската титула ја освои Франција.
„Никогаш не го гледав тој натпревар, ги гледав само резимеата и головите затоа што излезе на „YouTube“. Секогаш ќе бидам лут на некои работи, тој фаул врз Гризман бидејќи не постоеше. Па, тој пенал… Затоа не сакам да го гледам тој натпревар. Едноставно, тие спомени, фрустрацијата, бесот повторно ќе се вратеа“, рече Ловрен и додаде:
„За жал, дали тоа беше политичка одлука, дали мораше да биде така? Не знам. Можеби повторно се теории на заговор, па ќе ми кажат повторно: „Еве го, повторно зборува“. Добро, изгубивме, тоа е. Којзнае што ќе се случеше ако го освоивме златото“.
Ловрен со Хрватска има и светски бронзен медал од Светското првенство одржано во Катар во 2022 година.
Во својата богата клупска кариера, тој славеше титули во националното првенство со Динамои Зенит од Санкт Петербург, а со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите.
Foto/ depositphotos

