Спорт
Почина последниот жив учесник на првото финале на мундијалите
Последниот жив учесник на финалниот меч од првото светско фудбалско првенство, поранешниот аргентински репрезентативец Франциско Вараљо починал во понеделни во неговиот дом во Ла Плата на 100-та година, потврдиле од неговиот поранешен клуб Гимнасиа де ла Плата.
Франциско Вараљо настапил за Аргентина во финалниот меч со Уругвај одигран во Монтевидео 1930 г., кога уругвајските домаќини по победата од 4:2 стана првите фудбалски шампиони. Во февруари годинава, по повод неговиот 100-ти роденден, Вараљо изјави дека Аргентина го загубила тоа финале заради недостиг од храброст иако воделе со 2:1 на полувремето. „Постигнав многу убави работи во својата кариера. Ја претставува репрезентацијата и бев најдобар стрелец на Бока историјата. Сепак, во целиот свој живот не почувствував таква болка како по поразот од Уругвај во финалето на СП во 1930 г. Колку плачев тој ден“, рекол Вараљо во споменатото славеничко интервју за интернет страницата на ФИФА. На тоа светско првенство Вараљо кој тогаш имал 20 години постигнал еден гол против Мексико во натпреварите по групи која Аргентија ја добила со 6:3. Во 1937 г. Вараљо со аргентинската репрезентација ја озвоил Копа Америка, а на Вараљо постигнал 194 голови во петте години настапи за аргентинскиот фудбалски гигант Бока Јуниорс, со што беше вториот жив стрелец на клубот по Мартин Палермо. Со Бока освоил три шампионски титули, во 1931, 1934 и 1935 г., а една, во 1929 г., аргентинска титула има освоено со неговиот матичен клуб Гимнасиа де ла Плата.Кариерата ја прекинал кога имал 30 години, во 1940, поради повреда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Велз едвај победи во Лихтенштајн, Шпанија и Австрија 99,99 отсто се на Мундијалот
Фудбалската репрезентација на Велс, вложи многу труд зада повбеди во Лихтенштајн. Велс го победи аутсајдерот со 1:0. Ова значи дека за три дена, на Македонија ќе и биде потребен еден бод за да го обезбеди второто место во Ј групата.
Во терминот од 18 часот беа одиграни уште три натпреари, фаворитите победија. Шпанија ја декласира Грузија во Тбилиси со 4:0. Два гола постигна Ојерзабал, по еден Зубименди и Торес.
Актуелните шампиони имаат импресивна гол разлика 18:0, тие се 99,99 отсто на Мундијалот.
Во последното коло ќе ја пречекаат Турција, која со 2.0 ја победи Бугарија. Треба да се случи чудо за Турците да го освојат првото место во групата. За три дена им е потребна победа од седум гола, што е нереално, знаејќи дека во Истанбул Шпанците славеа со седум гола.
Минимални се шансите и Австрија да не биде прва во својата група. Австријците славеа на Кипар со двата гола на Марко Арнаутовиќ. Тие уште вечерва ќе бидат на Мундијалот доколку БиХ не ја победи Романија.
Спорт
Ларкин ќе отсуствува два месеци
Шејн Ларкин ги повреди препоните на дуелот на Ефес со Баерн Минхен, а познато е и колку долго ќе паузира искусниот кошаркар.
Тренерот Игор Кокошков нема да може да смета на долгогодишната прва ѕвезда на тимот во следните два месеци.
Повредата се случи во првата четвртина од натпреварот во Анталија, кој Ефес го доби во трилер завршница со 74:72.
Капитенот на Ефес, има просек од 15,8 поени и 4,5 асистенции по натпревар оваа сезона.
Спорт
Синер ќе ја брани титулата на Завршниот Мастерс
Италијанскиот тенисер Јаник Синер се квалификуваше за финалето на Завршниот Мастерс во Торино. Трета година по ред Синер ќе се бори за трофејот во Торино. Интересно е да се напомене дека Синер стана најмладиот тенисер во историјата кој играл во финалето на сите четири Гренд слем турнири и во финалето на завршниот турнир во иста сезона. На овој начин, тој ги повтори подвизиве на Ѓоковиќ и Федер, станувајќи само третиот играч на кого му успеало тоа.
Во првото полуфинале, Синер го победи Алекс де Минор со 7:5, 6:2 по еден час и 52 минути игра и со тоа го забележа својот 13-ти триумф во исто толку натпревари против тенисерот од Австралија.
Де Минор на маки го стави Синер во првиот сет, кој траеше повеќе од еден час.
Причината беше што не ги користеше брејк шансите. Ја искористи осмата и тоа во 11-от гем. Исто така во првиот сет, Синер, беше соочен со три брејк топки, сите успеа да ги спаси.
Синер освои четири гема на почетокот од вториот сет, правејќи двоен брејк со што го реши прашањето околу конечниот победник.
Вториот полуфинален пар го сочинуваат Карлос Алкараз и Феликс Оже-Алијасим.

