Црна хроника
Четири сообраќајки во еден ден, тројца тешко повредени
Четири сообраќајки се случиле во неделата низ Македонија, а три лица се тешко повредени.
Првата сообраќајка се случила во неделата во 10.30 часот на регионалниот пат Гевгелија–Негорци. Автомобил „опел–тигра“, управувано од дваесет и петгодишен гевгеличанец, во кое биле и тројца државјани на Палестина (економски мигранти), излетало од патот. На местото не е пронајден возачот, додека мигрантите биле пронајдени во Општата болница во Гевгелија, каде претходно биле пренесени за лекување. Мигрантите во текот на денот ќе бидат спроведени до Прифатен центар за странци–Скопје за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.Втората сообраќајка се случила во 14.20 часот магистралниот пат Градско-Прилеп, во близина на крстосницата за село Фариш.Во сообраќајката се судриле три возила, „пежо“ со охридски регистерски ознаки, „фиат“ со битолски регистерски ознаки и „лада“ со прилепски ознаки. Во несреќата со тешки повреди се здобила триесет и тригодишна штипјанка, сопатничка во „пежото“ и била пренесена во Ургентниот центар. Со телесни повреди се здобиле возачот на „пежото“ и тројца сопатници од „фиатот“, од кои двајца малолетници.На истиот магистрален пат, еден час подоцна се случила друга сообраќајка, кога прилепски „пасат“ изгубил контрола и излетал од коловозот. Со тешки повреди се здобила триесетгодишна сопатничка од Прилеп, а со полесни повреди се здобиле уште еден сопатник и возачот.Тешко повреден е и пешак во Ресен во сообраќајка што се случила во 21 часот вечерта на улица Михајло Бочкаровски. Автомобил „сеат кордоба“ со којшто управувал дваесет и двегодишник од ресенското село Евла удрил во педесет и петгодишен ресенчанец. Пешакот со крварење во мозокот е задржан на лекување во Јавната здравствена установа во Ресен./крај/мф
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

