Свет
„Опел“ губи пет до шест милиони евра дневно
Финансиската состојба на германскиот автомобилски гигант „Опел“ се влошува бидејќи компанијата губи по пет до шест милиони евра дневно
Финансиската состојба на германскиот автомобилски гигант „Опел“ се влошува бидејќи компанијата губи по пет до шест милиони евра дневно.
Германските медиуми, како што пренесува Макфакс, денеска информираат дека компанијата има многу поголеми загуби од планираното.
Првите луѓе на „Опел“ се во цајтнот да ги сопрат загубите, особено имајќи го в предвид фактот што државата во септември ќе повлече 1,5 милијарди евра, кои на компанијата и беа дадени како финансиска помош.
Во меѓувреме во тек се и преговорите на „Опел“ за спојување со „Џенерал моторс“ и „Магна“. /крај/бг/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

