Свет
Истокот на САД затрупан со снег
Најмалку пет лица ги загубиле животите во источниот дел на Соединетите Американски Држави (САД), каде што наврнало половина метар снег.
Најмалку пет лица ги загубиле животите во источниот дел на Соединетите Американски Држави (САД), каде што наврнало половина метар снег.
Три особи загинале во Вашингтон, при што две лица ги загубиле животите во одделни сообраќајни несреќи, а едно лице починало од студ.
Две лица загинале во сообраќајна несреќа во државата Охајо.
Националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон синоќа беше затворен за сообраќај, поради снежната покривка која надмина 40 сантиметри.
Авиони не полетуваат ниту од вториот вашингтонски аеродром „Дјулес“, а затворени се и трите њујоршки аеродром, како и аеродромите во Филаделфија и Бостон. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

